Од реванш осминафиналните средби во Лига Европа, единствените две екипи со најголема предност од три гола имаат Лион и Валенсија. Од останатите неизвесни натпревари ги издвојуваме следните две:
- Наполитанците имаат позитивен биланс против португалските екипи од три победи, еден нерешен резултат и ниту еден пораз.
- Порто не поминувал баш најдобро на гостински терен на чизмата каде има скор од 3 обеди, две нерешени и осум порази.
- Рафа Бенитез е еден од двајцата тренери останати во осминафиналето кој успеал да го освои ова натпреварување. Другиот е Дик Адвокат од Ал Алкмар кој го стори тоа со Зенит во 2008 година.
- Првиот и последен судир на овие две екипи на меѓународните натпреварувања се случи пред 40 години кога во второто коло од Купот на УЕФА Наполи беше подобар со 1:0 и на двете средби.
- Порто и Наполи минатото лето се сретнаа на турнир во Лондон на кој Наполитанците победија со 3:1. Стрелец на првиот гол на тој меч беше Горан Пандев.
- Ова е 30 италијанска пресметка на меѓународните натпреварувања. Домашните екипи до сега се покажале како поуспешни со 15 победи, а гостите триумфирале пет пати.
- Јувентус нема ниту една победа на гостински терен против италијански тим на европска сцена. Скорот му е две нерешени и три порази, вклучувајќи ги оние 0:0 на „Олд Трафорд“ против Милан во финалето од ЛШ 2002/2003.
- Фиорентина нема пораз оваа сезона во Лига Европа заедно со екипите Салцбург, Лион и Ал Алкмар.
- Ова е второ соочување на овие две екипи на меѓународните натпреварувања. Првиот пат се сретнаа во финалето од Купот на УЕФА во 1990 година кога „Бјанконерите“ стигнаа до трофејот.
- Јувентус е една од трите екипи со три титули во ова натпреварување заедно со Интер и Ливерпул.
ЛИГА ЕВРОПА, 1/8-финале, реванш натпревари:
Анжи – АЗ Алкмар (0:1)
Бенфика – Тотенхем (3:1)
Фиорентина – Јувентус (1:1)
Валенсија – Лудогорец (3:0)
Викторија Плзен – Лион (1:4)
Бетис – Севиља (2:0)
Наполи – Порто (0:1)
Салцбург – Базел (0:0)