Фудбал

Ултрасите на Рома и Лацио во војна преку најпознатата еврејка

Првиот човек на УЕФА Мишел Платини често пати ги повторува строгите казни во борбата против расизмот, но тоа не важи за спротивставенитe навивачки групи од Рим кои го користат познатиот случај со Ана Франк за меѓусебни расистички пораки.

Купи го Ферарито на Роналдо

Ферарито возено од Кристијано Роналдо сега може да биде и твое за само 50.000 евра. Има еден проблем. Колата е малку чукната.

Клишеата за Светското првенство во Бразил

На точно 187 денови до почетокот на Светското фудбалско првенство ќе се одржи извлекувањето на групите, па откако ќе бидат познати сите детали, ќе почнеме да ги читаме истите приказни кои се вртат пред секое првенство.

Како се справија Буфон и Балотели со зомби

Двајцата италијански фудбалери ќе бидат наградени за најпопуларни личности на социјалните мрежи, но за време на снимањето на промотивното видео беа непријатно изненадени.

Не е сееднo

По сценариото на една позната реклама од соседството, навивач на Левски залута на трибината на ЦСКА и истата ја напушти натепан и соблечен до гола кожа.

Рекордни пет црвени картони за пцуење

Италијански нисколигаш тврди дека фудбалерите не употребиле грди зборови кон судијата, но сепак на крај поради неговиот скандалозен чин службено го загубиле мечот.

Обезбедувањето на Мундијалот во Бразил ќе чини 600 милиони евра

Домаќинот на најголемиот светски фудбалски собир во наредните шест месеци до стартот на првенството има полни раце работи. Доцни со изградбата на стадионите, но исто време ја прави и скапата и модерна стратегија за безбедноста на милионите посетители.

Посрамотување од 5 метри

Уругваецот Сантјаго Силва го направи потегот кој стана најсериозен кандидат за утка на 2013-та. Тој на финалето од Копа Судамерикана помеѓу Ланус и Понте Прета успеа да промаши од 5,4 метри.

Платини бара исклучување наместо жолт картон

Претседателот на европската куќа на фудбалот (УЕФА), Мишел Платини побара укинување на жолтите картони и нивно заменување со исклучување на играчите на 10 или 15 минути.

Најдобрите фудбалски проектили

Во фудбалот постојат два вида на напаѓачи: оние кои додаваат и дриблаат за да дојдат со топката до голот и оние кои ќе „распалат" од прва кога ќе им се укаже шанса. Следните десет припаѓаат на втората категорија.

Роналдовци во акција

Споредбите помеѓу Меси и Роналдо веќе станаа досадни. Овој пат ги имаме двајцата волшебници со топка кои го носат едно од најславните презимиња во фудбалот. Шест минути празник за очи, односно класично кршење на кичми.

Реформите во Бундес лигата донесоа ефикасност и резултати

Приоритет во германскиот фудбал се навивачите кои целосно ги заштитуваат и им ги продаваат најевтините карти во однос на најсилните европски лиги, додека за иднината на фудбалот работат со инвестиции од 100 милиони евра годишно само за младинските категории.

Турски слалом

Талентираниот Брума е доказ дека нема играње играчки со младите и брзи деца кои постојано излегуваат од младинските школи и со два-три потези стануваат познати. Екипата на Галатасарај може да се пофали со 19 годишната идна ѕвезда кој пристигна од Португалија.

Гласајте за европскиот тим на годината

УЕФА  ја објави листата на кандидирани играчи за тимот на 2013-та. Во конкуренција за најдобрите 11 играчи кои настапуваат во Европа се најдоа 40 номинирани од 20 земји помеѓу кои не е Македонија.

Навивач со Њукасл око

Лојалноста на овој човек кон својот клуб дефинитивно преминува во лудост откако реши да си вгради око со амблемот на својот омилен клуб.

Претседателот на федерацијата праќал нигериски спам

Претседателот на Фудбалската федерација на Нигерија информираше дека некој му го хакнал мејлот и барал пари во негово име.

Проколнатите дресови

Оваа сезона Барселона нема победено на ниту еден натпревар на кој настапија со црвено-жолтите дресови, па во Шпанија веќе почнаа да се вртат муабети за „проколнати дресови". Но тие не се единствени чии дресови биле малерозни.

Касано ослабе 10 кг и бара да игра на Светско

Талентот од Бари, епитет по кој е познат и на 31 година, викендов одбележа јубилејни 100 голови во Серија А. Во кариерата имаше славни, но и контроверзни моменти, но сега тврди дека е целосно сменет и дека ќе биде најсреќен човек на светот ако игра на СП во Бразил.

Франција е префрлена во “европскиот“ шешир

ФИФА направи мали измени во одредувањето на шеширите во пресрет на извлекувањето на групите за Мундијалот во Бразил кое е закажано за три дена и најави дека една од европските репрезентации дополнително преку извлекување ќе се премести од четвриот во вториот шешир.

Топ 11 гратис играчи

Изминатово лето некои клубови како Рома, Јувентус и Челси добија квалитетни засилувања со ангажирањето на Мајкон, Љоренте и Ето, но за нив не платија ниту едно евро. Наредниот јунски преоден рок пазарот повторно нуди квалитетни гратис играчи.

Финско фото на сезоната

Сезоната во фудбалското првенство на Финска заврши минатиот месец, па како што е редот, сега е периодот во кој се сумираат настаните и се бираат најдобриот играч, голман, гол... Ова без конкуренција е победникот во категоријата „Фото на сезоната".

Децата на Јуве се покажаа како непослушни

Таман ја пофаливме иницијативата и ете ти беља работа. Најмладите навивачи на Јувентус кои ги пополнија гостинските трибини кои беа затворени поради казна, му донесоа нова казна на клубот. На голманот на Удинезе, Жељко Бркиќ му скандираа „мерда“, а дисциплинската комисија на Италијанската федерација беше немилосрдна и го казни Јувентус со 5.000 евра. 

За домот да ви мириса на Њукасл

Британска компанија за рачна изработка на свеќи ви нуди можност домот да ви мириса на теренот на фудбалскиот клуб Њукасл.