Светската куќа на фудбалот обелодени дека за најголемиот светски фудбалски собир во Русија ќе издвои 582 милиони долари, а тоа се повеќе од 100 милиони долари или 476 милиони долари кои се наменети за националните селекции, како и за клубовите чии играчи ќе настапат за светското во Бразил.
Со 22% зголемување на буџетот предвиден за наредниот Мундијал, тоа значи дека шампионот на Светското фудбалско првенство во Русија ќе биде првата репрезентација која ќе заработи 50 милиони долари.
За разлика од Русија, селекцијата која ќе го подигне пехарот во Бразил ќе заработи парична награда од 35 милиони долари, а другиот финалист ќе си замине дома со 25 милиони долари. Полуфиналистите ќе добијат по 14 милиони, а сите 32 земји учеснички ќе имаат загарантирано по 1,5 милион.
Клубовите кои имаат свои играчи на Светското фудбалско првенство во Бразил ќе поделат 70 милиони долари, или поточно 2.800 долари дневно за еден играч.
ФИФА најверојатно ќе го зголеми и буџетот за Програмата за заштита на клубовите од 100 на 120 милиони евра кој ќе биде предвиден за периодот од 2015 до 2018 година. Тоа е всушност еден вид на осигурување за клубовите кои се соочуваат со повредени играчи за време на нивните репрезентативни настапи.