Европските клубови инкасирале најголем дел од 27 милиони евра кои ФИФА ги има исплатено во последните 18 месеци според програмата за заштита.
Новата шема за осигурување е воведена за компензација на клубовите чии играчи ќе бидат повредени за време на извршување на обврските кон своите репрезентации.
Според шемата, клубовите можат да бараат отштета од најмногу 7,5 милиони евра, односно по 20.548 евра дневно, а сумата се одредува во зависност од висината на платата.
Во овој период ФИФА разгледала 80 случаи, а 98% од нив се од клубови од Европа. Од вкупно исплатени 27 милиони евра, европските клубови инкасирале 26,4 милиони евра. 400.000 евра им биле платени на клубови од Северна и Централна Америка, а 100.000 евра отишле кај клубови од Африка и Азија. Ниту едно евро не им е исплатено на клубови од Јужна Америка и Океанија.
Најмногу земале клубови од Англија - 10,4 милиони евра, а зад нив се Шпанија (7,8) и Германија (3,3 милиони евра).