Според истражувањето кое го направи францускиот сајт Sportune.fr, иако Баварците се најмоќниот клуб во Бундес лигата и се многу блиску до нова титула во првенството не се најголемиот фудбалски бренд во земјата.
Фудбалерите на Сандерленд направија сензација со пласманот во финалето од Лига купот, а со тоа привлекоа и свој навивач кој ќе допатува од крајот на светот за да ги гледа во живо.
Група на триесетина наши фанови кои се организираат преку својата фан група ЛФМ синоќа го бодреа својот омилен клуб на гостувањето против Лудогорец на националниот стадион „Васил Левски" во рамките на Лига Европа. Беа присутни на иста трибина, но поради склоп на околности се најдоа во две групи. Едните во друштво на лацијали од целиот Балкан, а другите заедно со Римјаните. Резултатот за жал не им се посреќи.
Рома доминира во Италија, ама не на табелата во Серија А, туку на табелата според висината на казните кои клубовите ги имаат платено заради испадите на нивните навивачи.
Во последно време зачестија лудите прослави на фудбалерите за кои си заработуваат црвени картони, па решивме да ги собереме на купче најбизарните исклучувања, а предводник на оваа група е нашиот Марио Ѓуровски.
По комплетирањето на натпреварите од 1/16-финалето на Лига Европа, познати се и двојките од осмина-финалната фаза на второто по ранг фудбалско натпреварување на стариот континент.
На денешен ден во 1900-та година, 11 ентузијасти формираа свој фудбалски клуб, а веројатно ни самите не претпоставувале дека 114 години подоцна овој колектив ќе доминира во фудбалска Европа.
Статистичари од Холандија анализираа резултати од милион фудбалски натпревари одиграни од 1901-та па сè до минатата година и донесоа неколку интересни заклучоци.
На Реал Мадрид не му пречеше лошата традиција и го растури Шалке во Германија, а Челси се извлече од истанбулскиот пекол на последните два натпревари од осминафиналето во Лигата на шампиони.
Голманот на Селтик, Фрејзер Фостер постави рекорд откако немаше примено гол на 13 натпревари, односно 1.256, а неговата неверојатна серија заврши на натпреварот против Абердин и тоа со ремек-делото на Џонатан Хејс.
Новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација со неколку новитети во тимот ќе дебитира на пријателскиот меч против Летонија кој е закажан за 5 март на арената „Филип Втори" во Скопје.
Со вечерашните два дуела од Лигата на шампионите ќе се комплетира првата рунда во осминафиналето. Дидие Дрогба ќе го нагости својот омилен тренер, а Кралевите ќе се обидат да го подобрат скорот против германските противници на гостински терен.
Фудбалерите кои работеле со Феликс Магат се жалат на „пеколните" тренинзи, но имаат среќа што не им е тренер Кјетил Рекдал од норвешкиот клуб Валеренга кој применува ледени тактики.
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед добија шлаканица на гостувањето во Грција и со негатива од 2:0 ќе го пречекаат противникот на реваншот. На дуелот во Санкт Петерсбург минатогодишниот финалист Борусија Дортмунд беше немилосрден против Зенит.
Легендата на Манчестер Јунајтед кој почна да игра фудбал во минатиот милениум никако да се донаигра. Тој има повеќе стаж и од Премиер лигата која го носи овој назив од 1992 година. За време на неговата долга кариера во некои фамилии фудбалот почна да оди на колено на колено.