Фудбал

За сезонска карта во Англија треба да си брод со пари

Навивачите на островот секоја година плаќаат најскапи сезонски карти, а фудбалската асоцијација нема слух за барањата од публиката.

Нов пехар за Германците за 1000 денари

Германските репрезентативци за време на лудото славје не успеаа Златниот пехар да го сочуваат цел, но не се први со таква беља.

Духот на претходниот тренер, голем товар за наследникот

Кога Манчестер Јунајтед го претстави Мојс, на 9 мај 2013 година, навивачите едногласно скандираа: „Кралот Ферги е незаменлив". За еден куп пари, 6–годишен договор и мал дел фанови зад себе, Мојс се обиде да тргне по стазата на Сер Алекс Фергусон.

Продолжува фудбалот во Бразил

По срамната елиминација на Бразил кој се обиде преку Светското првенство да го сплоти незадоволниот сиромашен народ кој жестоко протестираше низ улиците, страста кон фудбалот во оваа земја ќе треба да се поврати преку националното првенство.

Кој си ја качи цената на Светско?

Скаутите за време на планетарниот фудбалски собир не ја меркаа многу играта на Роналдо, Меси, Нејмар и другите докажани играчи. Нивното око има задача да ги лови младите, надежните и талентираните. За нив потоа почнува битка на летниот трансфер пазарот.

Палавиот Германец кој стана Светски шампион без да заигра

До четвртиот Златен пехар фудбалерите на Германија стигнаа со многу работа, дисциплина и стратегија која се покажа како успешна. Но во новата шампионска генерација има една резерва која пие, моча по хотели и се глупира по сендвичари.

УЕФА омекна за жолтите картони

Европската куќа на фудбалот одлучи од оваа сезона во Лигата на шампионите и Лигата на Европа да се бришат жолтите картони заработени во групната фаза.

Роналдо за малку немало да постои

Мајката на најдобриот играч во светот за 2013 година изјави дека не планирала да го раѓа.

Битка за ракавиците низ Европа

Фудбалските работници често велат дека за да бидеш голман, треба да си будала. Обично тој што ќе ја добие „единицата" влегува во прв состав, а „12-та" дреме на клупа. Конкуренцијата наредната сезона во некои клубови ќе биде многу поголема поради Јужноамериканците кои блеснаа на Мундијалот. 

Најгугланите фудбалери на Мундијалот

Фејсбук и Твитер ги објавија своите рекорди за време на Мундијалот, a својот извештај го стокми и најголемиот пребарувач на интернет. За време на Светското очекувано е што од нападот на Гугл најмногу се барани информации за Меси, Роналдо и Нејмар, но на тренерската позиција наместо Клинсман, очекувавме дека ќе стои ова име.

Од портокалово во црвено, Ван Гал трнува со Јунајтед

Искусниот холандски стратег ќе се обиде на „Олд Трафорд" да ги врати трофеите. Изборот на капитен е прва дилема. Ван Перси, Руни или некој трет?

Разликата помеѓу Бразил 2002 и Бразил 2014

Пред стартот на Светското аналитичарите и кладилниците за фаворит го сметаа Бразил, но не размислија дека новиот бран на млади играчи во составот на Сколари не може така лесно да стигне до пехарот само затоа што е домаќин. Бразилците стигнаа до тронот пред 12 години со истиот селектор, но со друга искусна банда која царуваше на секој дел од теренот.

Најкомичната фудбалска колекција

Старо или ново не е важно. Сите уловени моменти пред камера вредат во оваа извонредна компилација полна со пикантерии. Автоголот на 2:40 е неповторлив.

Поранешен играч од Премиер лигата работи на брод

Кевин Кајл бил репрезентативец на Шкотска кој до минатата година активно играл фудбал. Но парите наместо да ги носи дома ги оставал на коцка и сега за да го прехрани семејството чисти за неделна плата од 400 фунти.

Манијаци во Скопје

Фудбалерите на Металург го играат второто квалификациско коло од Лига Европа против тимот на Железничар кој ќе има голема поддршка на арената „Филип Втори“. Од БиХ допатува група од стотина навивачи познати како „Манијаци“ кои почнаа да ја билдаат атмосферата низ центар.

Кога не играме сме најјаки

Избраниците на Бошко Ѓуровски гледаа Светско еден месец и скокнаа за шест места на ранг листата на ФИФА.

Донираше Озил, но и Аргентинците

Пред почетокот на СП во Бразил, Месут Озил донираше сума за 11 болни деца од Бразил. Веднаш по освојувањето на трофејот, фудбалерот на Арсенал донираше и за Газа.

Премиерлигашите истрчале скоро 2.500 км во Бразил

Англичаните се стандардно лузери на Светските првенства, но затоа за пофалба се играчите од нивната лига кои заедно на ова првенство настапиле повеќе од 16 дена. Фудбалерите со најголема минутажа и километража на Мундијалот се оние на Челси.

Твитер и Фејсбук рекордери на Мундијалот

Финалето на Светското првенство на 13 јули е најкоментираниот настан во историјата на социјалните мрежи. Фејсбук објави рекорд од 280 милиони постови, коментари и лајкови за време на пресметката помеѓу Аргентина и Германија. Претходно приматот го држел Американскиот супер бол со 245 милиони интеракции.

Коленото и тетивата настрадале најмногу во Бразил

На Мундијалот се повредиле 28 играчи, а многу од нив како Нејмар и Ди Марија предвреме го завршија Мундијалот. Анализите покажуваат дека по шест играчи имале повреда на тетива и колено, а само по еден играч настрадале во око (Вон Берген), рака (Бабатунде), грб (Нејмар), потколеница (Дембеле) и препон (Костли).

Пет највлијателни фудбалски менаџери во Светот

„Околу најспоредната работа на светот секогаш се вртеле многу менаџери, тренери, агенти и сомнителни газди, но се' додека договорот со посакуваниот играч не е потпишан, тие не може да се пофалат дека постигнале многу" – вели кралот на агентите, Хорхе Мендез.

Автоголовите на СП во Бразил

По СП Франција 1998, каде паднаа рекордни 6 автоголови, Мундијалот во Бразил влегува на 2. место со 5 „дунстери“ кои ја пикнаа топката на погрешно место. 

Офсајд тим на денот: Блекпул

Во нашата омилена рубрика каде последен пат го сместивме Камерунецот кој го излажаа дека ќе оди на Светско, сега имаме цел тим. Се работи за второлигаш од Англија на кој очајно му се потребни играчи.