Фудбал

3 години без ривали

По 3 мошне успешни години, поранешниот капитен на Јувентус, Антонио Конте ја напушта клупата на најтрофејниот италијански клуб. Тој е единствен тренер во Серија А кој успеа во една сезона да освои повеќе од 100 бодови.

Од дружба со нарко-дилери до мундијалска ѕверка

Пред Светското во Бразил на голема сцена беа претставени најатрактивните фудбалски ѕвезди на светот, список на кој речиси никој не го споменуваше Хамес Родригез, Колумбиецот кој ќе стане прв стрелец на турнирот.

Кој глумеше најдобро во Бразил?

Златната топка отиде во рацете на Меси, Златната копачка кај Родригез, а Златната ракавица ја освои Ноер. Имаме топ 5 листа со фудбалери кои со лажно паѓање и офкање се обидуваа да добијат нешто што не заслужуваа од судиите. Како на пример Фред кој изглуми пенал против Хрватска на отворањето.

Тајната на Германците е во младите

Селекцијата на Германија крахираше на две Европски првенства во низа. ЕУРО 2000 го заврши со само еден бод, а без ниту еден триумф и со елиминација во првата фаза мина на ЕУРО 2004. Лекцијата ја научија и репрезентацијата почнаа да ја градат од нула. Таа стратегија им донесе Златен пехар на Маракана.

5 минути слава за 6 месеци затвор

Во пресрет на СП, властите во Бразил направија неколку измени на законот за спортски манифестации, при што секое влегување во теренот пред, за време и по одигрувањето на натпреварите се казнува со 6 месеци затвор. Тоа не спречи неколку камикази да стигнат до своите 5 минути слава.

Топ 3 голови од Мундијалот на хартија

Светското во Бразил ни донесе многу ефикасен фудбал особено на натпреварите од групната фаза. На 64 меча беа постигнани 171 погодок, а најатрактивните може да ги видите и преку цртеж.

Селекторска вртелешка по СП, кој останува а кој си оди?

По историскиот срам кој Бразил го доживеа на свој терен после поразите од Германија (1-7) и Холандија (0-3), на селекторот Сколари не му преостана ништо друго освен да си ги спакува коферите. Заминаа уште и Прандели, Сантос, Ван Гал и Ѕакерони, а селектори остануваат Пекерман, Сушиќ, Сампаоли, Хоџсон и Ковач.

Меси vs Ноер

Најдобриот голман на Светското слободно можеше да го добие признанието и на Меси. Бранеше перфектно на сите мечеви, се фрлаше како мачка на секое можно место во шеснаесетникот, а често интервенираше и надвор од него. Статистички во еден параметар успеа да го “изеде“ лидерот на Аргентина.

Последните секунди со Родригез

Напаѓачот на Монако летово на 22 години го одигра првиот Мундијал во кариерата, а повикот за Колумбија го искористи за да стане најдобар стрелец во најсилната светска конкуренција со 6 голови. Последниот свиреж на Рицоли вчера за него не беше важен за тоа кој ќе стане Светски првак.

Балканците со германска висина и тежина

Највисоки, најголеми и оправдано најдобри, „панцирите“ предводат во статистиките за селекциите на Светскиот куп во Бразил 2014. Чилеанците најниски, Гана најмлада, Балканците и високи и тешки.

Дали Меси ја заслужи наградата најдобар играч на СП?

Потребни беа 113 минути машки фудбал, но на крајот победија подобрите. Меси ја поведе Аргентина до финалето, но не успеа да го крене трофејот на крајот. Дали имаше покорисни играчи од него на штотуку завршеното СП?

Отсутниот Меси

Најдобриот играч на планетата кој беше прогласуван четири пати по ред од страна на ФИФА делуваше целосно збунен и отсутен по поразот во финалето од Германија, но и незаинтересиран како лидер на тимот да ги утеши своите колеги кои многу поемотивно го доживеаа поразот.

Џокерот Гетце и донесе „Златен пехар“ на Германија

На само седум минути пред стартот на пенал серијата, резервистот на Јоаким Лев со мајсторски прием и погодок ја замолчи аргентинската публика на „Маракана“ и и` ја донесе Светската титула на Германија, вкупно четврта во нивната историја. 

Нов дебакл и свирежи за крај на Бразил

Избраниците на Луис Фелипе Сколари на најнеславен можен начин ја завршуваат мундијалската авантура пред својата нација од 200 милиони жители. По срамната седумка од Германија, Бразилците примија нови три голови од Холандија.

Кој е Никола Рицоли?

Роден во Мирандола близу Болоња, 42 годишниот делител на правдата е вториот најдобар судија во светот за 2013 година. Неделното финале на „Маракана“ помеѓу Германија и Аргентина ќе биде прво во неговата кариера на Светските првенства.

Меѓу Бразилците се кријат мајстори за билијард и сликање

Само еден репрезентативец на Бразил ја имаа таа привилегија во сите досегашни клубови во кариерата да освојува шампионски титули со својот Ибрахимовиќ. Еден од напаѓачите пак (не е Нејмар) ја пали женската нација со својот задник.

Голмани не се радувајте предвреме

Овој голман од Мароко многу рано почна да се удира во гради, па радоста се префрли кај тој што го шутираше пеналот.

Канибалот им кажа збогум на „Црвените“

Контроверниот уругвајски напаѓач Луис Суарез и официјално му се приклучува на каталонското друштво откако Ливерпул и Барселона го стокмија конечниот договор за неговиот трансфер.

Што навистина се случи на Бразил - Германија

По два дена се појавија првите детални анализи за крахот на Бразилците. Целиот натпревар во видео од неполна една минута. И тие што не разбираат фудбал ќе разберат.

Маскерано: Си го одрав задникот

Хавиер Маскерано со перфектен лизгачки старт го скроти ударот на Робен во последните секунди од полуфиналето меѓу Аргентина и Холандија. Кога во микс зоната новинарите го прашаа за херојскиот потег, одговори најотворено што може за тоа што го почувстувувал во тој момент.

Зошто Холанѓаните се портокалови лавови?

Кога игра Холандија фудбал има две работи кои нема шанси да не ги забележите. Тоа се големиот број на навивачи кои од глава до пети се во портокалова боја и љубовта кон лавовите во кои обично се маскираат.