Во досегашниот дел од оваа сезона, натпреварите во Серија А во просек имаат по 22.051 гледачи на стадион. Во споредба со лани, тоа е пад од 6,1%, со 2012/2013 10,5%, а со 2011/2012 5,1%. Во сезоната 2010/2011 стадионите биле исполнети во просек со 24.901 гледач.
Поединечно по клубови лидер по најголем број на навивачи во досегашни 16 кола е Милан кој во просек има по 45.978 навивачи, а тоа е 15,3% повеќе од минатата сезона.
Рома константно привлекува многу публика на „Олимпико“. Таа добива поддршка во просек од 40.467 гледачи, а тоа е 0,1% повеќе од лани. На трета позиција е актуелниот шампион Јувентус со 38.475 и напредок од 0,4%.
Најголем пад на гледаноста има Наполи кој за разлика од минатата сезона има дури 29% помалку публика и со тоа од втора, се симна на седма позиција. Ситуацијата кај Наполитанците може да се промени поради освојувањето на Супер купот.
Паѓа гледаноста и на „Џузепе Меаца“ кога игра Интер кој има 27,5% помалку гледачи од лани. Лацио има 0,8% помалку публика на Олимпико, а Фиорентина е подобра во овие бројки за 0,9%.
На осмо и деветто место се Сампдорија (21.411) и Џенова (21.277), а во топ 10 најгледани клубови во Италија влегува Верона.
Најголем број на навивачи на чизмата има Јувентус кој добивал најголема поддршка на гостувањата против Аталанта, Каљари, Киево, Емполи, Фиорентина, Рома, Лацио и Сасуоло.