Агим Ибраими е најдобар фудбалер за 2014 година

Фудбалската федерација на Македонија вечерва ќе ги додели признанијата за најдобрите во изминатава година.

Македонскиот репрезентативец и член на Марибор, Агим Ибраими ќе биде прогласен за најдобар фудбалер за 2014 година, признание кое го доби и пред две години. По Горан Пандев и Николче Новески тој е трет играч кој повеќе од еднаш ја добил оваа награда. 

Фудбалерот на Мајнц беше прогласуван во 2005 и 2013-та, а Пандев го годи признанието во 2004, 2006, 2007, 2008 и 2009 година.

За најдобар играч во домашното првенство е прогласен Борче Маневски кој со тимот на Работнички стигна до двојната титула во првенството и купот. Работнички ќе го добие и признанието за најдобар колектив, а нивниот тренер Игор Ангеловски за најуспешен тренер.

Најдобар стрелец минатата сезона беше Дејан Блажевски кој постигнаа 19 голови за Турново. Во младинска конкуренција тоа е Михајло Јакимовски од Металург со 28 погодоци, најдобар млад играч е Јасир Асани од Вардар, а најдобар тренер од оваа категорија е Влатко Колев од Металруг.

Во футсал категориите за најдобар тренер е прогласен селекторот на младинската репрезентација, Зоран Левески, а најдобар млад играч е Кристијан Златковски.

23 декември 2014 - 14:49