Златан бурно реагирал што Швеѓаните сметаат дека поранешниот тенисер е пославен спортист на сите времиња од него. На честитките за второто место, Златан дал изјава во негов стил.
„Благодарам, но да се биде втор е исто што и последен. На листата најдобри шведски спортисти во историјата јас треба да сум прв, втор, трет, четврт и петти, со голема почит кон другите“, изјавил Ибракадабра.
Во септември, центарфорот на ПСЖ изјави дека на неговата вечна листа се Мухамед Али, Петар Нортунг и Бразилецот Роналдо. Прашан да го коментира изборот, поранешниот тенисер Бјорн Борг изјави дека за него Ибрахимовиќ е број еден, затоа што е најславниот Швеѓанец, дури поголем од ИКЕА.
„Борг е одлична личност и жива легенда. Тоа што го почитувам, нема никаква врска со изборов“, заклучил Швеѓанецот со босанско потекло.
Бјорн Борг во кариерата 6 пати го освои Ролан Гарос и 5 пати по ред Вимблдон од 1976-та до 1980-та година, пред да загуби од Џон Мекинро во 1981-та.
Топ 10 шведски спортисти во историјата според весникот Дагенс Нихетер:
1. Бјорн Борг, тенис
2. Златан Ибрахимовиќ, фудбал
3. Јан-Ове Валднер, пинг-понг
4. Аника Суренстам, голф
5. Ингемар Стенмарк, алпско скијање
6. Каролина Клафт, атлетика
7. Ингемар Јохансон, бокс
8. Гунде Сван, крос-кантри скијање
9. Петер Форсберг, хокеј на мраз
10. Герд Фредриксон, кајак