10. Арсенал - 10.130 поени
Годината ја започнаа како лидери во Премиер лигата и на таа позиција се задржаа до февруари. Во мај месец го освоија ФА купот, а победија и важни мечеви во Лигата на шампионите. Заслужено се во топ 10 листата на ранг листата на ФИФА со освои 64 поени во текот на оваа година.
9. ПСЖ – 10.589
Парижаните доминираа во францускиот фудбал и во 2014-та со титули во домашното првенство, Лига купот и Супер купот. Во моментов се трети на табела со само три бода заостанување зад лидерот Олимпик Марсеј. Ибрахимовиќ минатата сезона беше прв стрелец во клубот со 26 голови, а сега има осум. Годинава ПСЖ собра 86 поени.
8. Севиља - 10.462
Редовниот шпански претставник на меѓународна сцена, во моментов е на шестата позиција во Примера. Годинава ќе ја паметат во финалето во Лига Европа кое го добија на пенали и стигнаа до трет трофеј во ова натпреварување. Севиља во 2014-та освои 67 поени.
7. Челси – 11.039
Тимот на Жозе Мурињо годинава игра во врвна форма, а од јануари до сега има освоено 81 поен на ранг листата на ФИФА. Минатата сезона во ЛШ стигнаа до полуфинале каде беа елиминирани од Атлетико Мадрид, а оваа сезона имаат уште поголеми цели.
6. Јувентус – 11.143
Актуелниот италијански шампион доминираше во Серија А и оваа сезона. Од јануари до мај освои 56 поени, а во цела година 95. Минатата сезона стигнаа до полуфинале во Лига Европа, а оваа сигурно ќе оди на повеќе трофеи. Најдобар стрелец во домашното првенство во моментов е Карлос Тевез со 10 голови.
5. Бенфика – 11.177
Со освојувањето на тројната круна во Португалија, фудбалерите на Бенфика имаат зад себе историска година. Истовремено успеаа да стигна и до финалето од ЛЕ каде загубија од Севиља. Лидери во домашното првенство се и оваа сезона, а годинава собраа 78 поени.
4. Барселона – 14.422
Ова не беше година за паметење за каталонскиот клуб, но без разлика на тоа тие се четвртиот најдобар клуб во светот. За прв пат по 2007-ма Барселона не успеа да освои злато. Во првенството и купот беа втори, а во Лигата на шампионите стигнаа до четвртфинале. 2014-та ја завршуваат со 78 освоени поени.
3. Атлетико Мадрид – 14.705
За разлика од Барса, избраниците на Диего Симеоне нема да ја заборават 2014-та. По пауза од две децении станаа шампиони во Шпанија, а титулата во Лигата на шампиони им избега во продолженијата од мечот против градскиот ривал. Годинава собраа 81 поен и повторно се во игра за титулата.
2. Баерн Минхен - 14.813
Доминацијата на Баварците во германскиот фудбал продолжува и во 2014 година во која освоија 89 поени. Го освоија првенството и купот, а во ЛШ стигнаа до топ 4. Нивната форма продолжува и понатаму со 11 бодови предност пред второпласираниот Волфсбург во Бундеслигата.
1. Реал Мадрид – 20.082
Штом Кристијано Роналдо ја има најуспешната календарска година во својата кариера, тогаш јасно е кој е лидер на ранг листата на ФИФА. Реал Мадрид не успеа да ја освои Примера, но се радуваше во Копа дел Реј, стигна до историската Ла десима во најелитното клупско европско натпреварување, а пред неколку дена го освоија и светот. Во 2014-та Реал освои 85 поени.