Дебатата што ја отвори Мурињо кога кажа дека неговите играчи играле на празен стадион, продолжение доби викендов, кога се вршеа мерења на бука ширум англиските стадиони. Руни и другарите со најдобра поддршка од навивачите.
Пет кандидати ја бркаат наградата за играч на годината на црниот континент според БиБиСи, а одлуката ќе падне на 1-ви декември во понеделник. Јаја Туре е кандидат по шести пат.
Аргентина го има Меси, Португалија Роналдо, Бразил Нејмар, а Германија Маншафт или националната фудбалска репрезентација. Во документарецот (излегува на средина од ноември), ќе може да го видиме патот на Германците до златото во Бразил.
Клаудија Романи (34) ја заврши манекенската кариера и конкурираше за судијка во фудбалска Италија. Откако ги поминала сите квалификации и тестирања, Романи и официјално добила дозвола да суди дуели од Серија А и Серија Б. Навива за Милан.
Во 4. коло од Лигата на Европа паднаа 76 гола. Адеми и Динамо испаднаа по убедливиот пораз од Салцбург во Загреб. Реми за Абдурахими со Локерен, пораз на Муарем од Днипро.
Претседателот на Милан изјави дека клубот почнал со нова филозофија според која во составот ќе играат само млади италијански фудбалери. Му смета што Интер го води човек од Индонезија, а не Масимо Морати.
Македонските претставници го играат четвртото коло во Лига Европа. Минатото коло Муарем Муарем му донесе 3 бода на својот тим на гости, а вечерва со нова победа против Дњипро ќе бидат многу блиску до пласман во следната фаза.
Фудбалерот кој се прослави на СП 2014 со Костарика, моментално игра во Чемпионшип за Фулам. Прецизната левица вчера ја покажа против Блекпул од мртов агол.
Фудбалерот на Таргу Муреш, Габриел Мурешан ќе мора да плати и парична казна од 4.500 фунти за лактот кој му го додели на Раул Русеску од Стеауа Букурешт на 26 октомври.
Манчестер Сити доби шлаканица пред своја публика од ЦСКА Москва, Азард промаши пенал за триумф, а Меси со два гола го реши Ајакс и го стигна Раул на вечната листа во ЛШ. Осминафинале обезбедија Баерн, ПСЖ, Барселона и Порто.
По вчерашниот пораз од Реал Мадрид, навивачите на Ливерпул му замеруваат на тренерот Роџерс што на клупата седнал 7 првотимци. За прв пат после 8 години Ливерпул не дал гол на три натпревари по ред во ЛШ, а Реал има 10 победи по ред на Бернабеу.
Пред натпреварот Сити - Јунајтед се судрија навивачите на двата тима, а снимката денес излезе во јавност. Хулиганите на Јунајтед дошле до паб каде веќе биле собрани „граѓаните“ по што настанал хаосот после кој се уапсени 15 хулигани.
Видеото е од нисколигашки бразилски меч и колку и да стискате на рипит нема да сфатите како и со помош на кој дел од телото топката земав ваков замав и заврши во гол.
Поранешниот голман на англиската репрезентација по објавувањето банкрот, реши на аукција да ги стави сите предмети од неговата кариера. Продава дресови што ги носеле Лампард, Анри, Ван дер Сар, Фаулер, Трезеге и други.