Ибрахимовиќ е шеф, Инзаги е остарен, а Галијани не го разбира Милан

Меси се кае за финалето на Светското, Рафа Бенитез се навраќа на проблемите во Интер, а Берлускони се прави тренер. Газета дело Спорт ги собра најинтересни изјави од изминатите седум дена.

„Следете ме мене, никој да не збори со новинарите“. На прашањето: „Ибра зошто го правиш ова?“ тој им одговори: „Затоа што јас сум шеф“. - Златан Ибрахимовиќ, по мечот против Лил

„Реков претходно дека кога го гледам Пипо остарен, не ми доаѓа да бидам тренер, инаку во два месеци ќе загубам 10 години од животот“ – Антонио Ночерино од Парма

„Навистина штета, најдобрите шанси ги создаваме ние и ќе се каеме цел живот“ – коментар на Меси за сајтот на ФИФА откако ја видел чиста промашена шанса на финалето од СП Бразил против Германија.

„Немој да правиш како Балотели. Биди цело време во шеснаесетник“ – совет на Силвио Берлускони за новиот напаѓач на Милан, Матиа Дестро.

„По 29 години во Милан, продолжувам да не го разбирам овој тим. Во декември немавме повредени играчи, го победивме Наполи и бевме на 2 бода до третото место. Потоа се случи тоа што се случи. Не можам да си објаснам како“ – Адриано Галијани на прес конференеција.

„Мурињо од мене направи човек. Понекогаш неговите лични и персонални релации не му беа приоритет, но сите сме професионалци, не сме деца“ – Андре Ширле кој од Челси замина во Волфсбург.

„Како мал навивав за Интер, но ретко победуваше па така го сменив тимот и станав навивач на Милан. Сезонава им дадов гол и на двете екипи“ – напаѓачот на Сасуоло, Никола Сансоне по победата над Интер од 3:1

„Никогаш не зборуваше ништо, ниту на терен, ниту надвор од него. Понекогаш се обидувавме да го поттикнеме да каже нешто, а на клупа му се дереа за се и сешто. Но тој не се грижеше за ништо“ – тренерот Серџо Маљано за фудбалерот на Палермо Франко Вазкес.

„Во Интер оставив два трофеи и многу пријатели и знам дека некој не ми дозволуваше да правам сè што сакав“ – Рафа Бенитез

„Претходно имаше врвни играчи, бод на гости беше како победа. Младите им помагаа на тие од прв тим. Сега е различно, ќе те победат сами“ - Давид Пизаро од Фиорентина.