По дебаклот 1:7 пред 2 недели на Олимпико, Рома сега треба да се појави на реванш против Баерн во Минхен. Во Марибор, Ибраими ќе треба да се потруди да му го заборават промашениот пенал од Стемфорд бриџ.
Фаворитска вечер на отворањето на 4 коло од Лигата на шампионите. Славеа Реал Мадрид, Базел, Атлетико Мадрид, Јувентус, Дортмунд, Леверкузен и Бенфика. Реми на Емирати меѓу Арсенал и Андерлехт.
Индискиот фудбал сезонава почнаа да го оправаат Трезеге, Деј Пјеро, Пирес и компанија, но нека се позанимаваат повеќе со Балјит Сахни од Атлетико Колката на кој му е неопходна помош.
Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска кој игра во средина, минатата година го имаше секаде на терен, а со 20 голови беше поефикасен и од напаѓачите на Манчестер Сити. По првите пет кола оваа сезона, се штеди.
Во Реал Мадрид продефилираа 15 тренери и 5 претседатели, а за Ла Децима се чекаше 12 години. Сето ова од играчкиот кадар го издржа само Икер Касиљас кој годинава атакува на четвртиот пехар во најелитното клупско европско натпреварување.
Договорот на Волкот со Арсенал завршува на крајот од следната сезона, но тренерот на „топџиите" сака уште од сега да му го продолжи престојот на Емирати. По една година, Волкот се враќа и во репрезентацијата на Англија.
Во досегашниот тек од сезоната, Алегри проба 5 напаѓачи и 7 различни тандеми. Тевез и Љоренте дале најмногу гола, но играле повеќе од Мората, Коман и Џовинко заедно.
Кралевите имаат 11 победи по ред во сите натпреварувања, а Ливерпул е притиснат од Базел и Лудогорец. Галатасарај сака да се офајди во Дортмунд кој има 5 порази по ред во Бундеслигата.
Навивачите на дерби пресметката во Тел Авив влетаа на терен и го прекинаа мечот при резултат 1:1 по што настана тепачка, а провокацијата почна во 22 минута откако Еран Захави со пукање накај публиката го прослави голот. Револтот им е уште поголем и поради неговиот трансфер од Хапоел во Макаби.
Според хрватскиот tportal, ЕК ќе го истражува финансирањето на хрватскиот клуб од градскиот буџет, Загреб Холдинг и Туристичниот одбор на Загреб поради сомнение за нелегална помош и нарушување на конкуренцијата.
Саботната победа против КПР не беше доволна Португалецот да биде мирен, по што веднаш по мечот изјави дека неговите играчи немаат поддршка каква што заслужуваат.
На 9-ти ноември ќе се прослави 25 годишнина од падот на симболот на Студената војна, а годинава е и четвртина век од раѓањето на некои од најдобрите фудбалери на денешницата.
Кариерата ја почна во 2007 година во регионална лига во Лондон каде се натпреваруваат полупрофесионални клубови. Потоа замина во Фулам кој пред четири години на Манчестер Јунајтед му го наплати 11 милиони фунти.
Екипата избрана од Ван Гал за дербито против Манчестер Сити во неделата чини околу 300 милиони евра, но и покрај тоа го има најлошиот старт на сезоната од 1986. година пред Фергусон да го замени Аткинсон.
Тотенхем губеше на гостување против Астон Вила околу 70 минути, но во последните 6 минути се избори за победа. Гифот го одбележува тој во зелената јакна.