Скај спорт направи листа на фудбалери кои направиле најмногу асистенции во период од две години, почнувајќи од јануари 2013-та па до сега.
Големо изненадување е Бразилецот Коутињо кој откако дојде од Интер во Ливерпул, направи 16 асистенции, повеќе од фудбалери како Џерард и Фабрегас. Тоа се покажува како добра инвестиција за Црвените кои на 22 годишниот фудбалер му дадоа доверба до 2020 година.
На врвот на оваа листа е Санти Казорла на кој треба да му бакнуваат рака во Арсенал, бидејќи во изминативе 24 месеци тој наместил најмногу голови во Премиер лигата, вкупно 19.
Втората позиција ја делат двајцата важни алки од играта на Челси и Манчестер Јунајтед. Тоа е Еден Азард без кој е незамислива навалната линија на Сините и Вејн Руни кој освен задачата за давање голови, знае да ја врши и работата која најчесто им припаѓа на играчите од среден ред.
На делба од петто до осмо место Лејтон Бејнс од Евертон е во друштво со тројца елитни фудбалери од Премиер лигата.