57 години од трагедијата во Минхен

На 6. февруари се обележуваат 57 години од авионската несреќа во Минхен, кога загинаа 23 патници меѓу кои осум фудбалери, двајца тренери и секретарот на Манчестер Јунајтед. Кобниот лет им се случи кога се враќаа од натпреварот против Црвена звезда во Белград (3:3) во рамките на Куп на Европските шампиони, сегашна ЛШ.

Меѓу преживеаните беше и 19-годишниот Боби Чарлтон, кој подоцна стана легенда на клубот. Десет години потоа, во 1968 година Јунајтед се издигна и го освои трофејот во КЕШ.

За играниот филм „Јунајтед" на ББС, во режија на Дејвид Тенант клик ТУКА.

6 февруари 2015 - 13:54