Во четврт-финалето од најстарото клупско натпреварување на светот, вечерва од 20:45 ќе играат Манчестер Јунајтед и Арсенал. Сите средби меѓу нив во ФА купот беа вистинска војна, без разлика каде се играа. Рој Кин и Патрик Виера беа команданти на војските.
Рожерио Сени како голман може да се пофали со над 100 голови во кариерата, но му фали еден ваков лудачки кој беше решавачки на бразилскиот нисколигашки меч Операрио - Национал 2:1.
Бразилецот уште на старт почна да ја оправдува довербата на Орландо. На дуелот против Њујорк, неговиот тим губеше 0-1 до 91' минута, кога Кака од слободен удар им донесе вреден бод на домашните.
Газета дело Спорт повторно направи компилација на највпечатливи изјави од светот на фудбалот дадени изминатата недела. Меѓу нив ретко се случува да ги нема Мурињо и Берлускони кој ги држи во неизвесност навивачите на Милан.
Со 14 освоени трофеи за 11 години, во Англија никој не работи подобро од магнатот кој во Лондон не донесе само пари. По една деценија со малку интервјуа и срамежливи појавувања во јавноста, Русинот во целост го смени англискиот фудбал.
Едер Алварез Баланта (22) од Риверт Плејт е таргет на Манчестер Јунајтед, Арсенал, Челси, Ливерпул. На официјалниот сајт на ФИФА е опишан како брз и вешт лев бек, силен во воздушни дуели и страшен во лизгачки стартови. На меч од Копа Либертаторес покажа и уште нешто кое фали во описот.
За 90 денови, Барселона ќе го игра петтото финале на Копа дел Реј во последните седум години. Откако станаа единствен шпански клуб што го освоил „требле“ (тројна круна) во сезоната 2008/2009, Каталонците до денес играа четири пати на завршниот натпревар од Купот.
Иако на почеток изгледа дека се разделени на две страни од пругата, навивачите на Челси и Тотенхем се измешани. Видеото најверојатно е по финалето од Лига купот, на кое додека ќотек најмногу јаде само еден навивач на Челси, другите пукаа сеир се додека не дојде полицијата.
Реал Мадрид киксна против Виљареал и тоа беше причина статистичарите да ги земат дигитроните во рака. Последното инфо е дека најдобриот фудбалер на светот не погодил од слободен удар од минатата година.
Најдобриот фудбалер на планетата за минатата година, не е во друштво ниту на најдобрите 20 дриблери во Европа, а подобар од него има и Бразилец од Хофенхајм.
Кога Мурињо праќа некој на позајмица во Италија, тоа никогаш не е добар претзнак. Прашајте во Милан, Интер или на пример во Фиорентина, за случајот Марин. Сепак, Мурињо погреши со египетскиот Меси, кој не доби права шанса.
Кога игравме како деца фудбал во маало, за стативи обично сме користеле камења, лименки или ако во некој парк начекаме дрва на блиско растојание. Естонија ни носи еден сосема поинаков пример.
Приматот на фудбалска и модна икона Роналдо му го зема на Бекам. Постојано штанца милиони, се дотерува и не се дели од гелот, а на последните три вести поврзани за него нема да видите некое голчиште или дриблинг од терен.
Минатата недела Бешкиташ го елиминираше Ливерпул во Лига Европа на пенали, а за радоста по промашувањето на Ловрен денеска се појави видео од терен. Турците се луди за фудбал уште од мали, детево кое собира топки ќе ви каже зошто.
За граѓаните на Неапол фудбалот е религија, а сонот на секое дете е да го облече небесно синиот дрес и да истрча на Сан Паоло пред 60.000 фанатични навивачи. Во 15-минутното видео, продукцијата Копа90 го доловува духот на фудбалскиот Неапол, кој на времето собираше пари од врата на врата за да го исплати Марадона.
На финтава со кршење кичми најмногу паѓавме во транс додека ја правеше во Барселона, но тогаш барем топката беше на терен. На кусава снимка од сала се гледа дека го апгрејдирал дриблингот.
Некои клубови понекогаш мислат дека се сигурни прволигаши и дека никогаш не би можеле да испаднат од најдоброто друштво. Сепак историјата го покажа спротивното и тие се дружеа со второлигаши.
По вчерашниот настан во кој Папис Сисе од Њукасл и Џони Еванс од Манчестер Јунајтед се плукаа еден со друг и ги очекува суспензија од шест меча, ќе се навратиме во историјата на овие уличарски потези.
Поранешниот селектор на Франција, Рајмон Доменех нема работа од 2010. година кога играчите и целата француска јавност се кренаа против него. Следна желба му е клупата на селекцијата што не сака да го види од оправдани причини.
По три месечна пауза, хрватскиот репрезентативец се враќа на теренот, а со тоа го враќа и расположението во кралскиот клуб. Неговото второ деби за Лос Бланкос може да се очекува веќе викендов на Сан Мамеш во Билбао.