„Ако ме видите дека се враќам во Барселона, удрете ме со чекан по глава“ – Пеп Гвардиола
„Ибрахимовиќ има уште 8 години кариера. Направивме договор, 15 години работеше за себе, отсега ќе работи 8 години за мене. Не знам дали ќе остане во ПСЖ 8 години, но може да игра до 42,43 години“ – Мино Раиола, агентот на Ибра.
„Што правите тука? Доста веќе со снимање, човек не може да направи два чекори од вас, штом се појавиме веднаш сме под рефлектори“ – Клаудио Лотито, претседател на Лацио.
„Берлускони ми кажа што ќе прави со Милан, но мора да молчам како риба. Се надевам дека ќе дознаете на крај од сезоната. Го прашав дали ќе го продава, а тој ми одговори, но ми рече ништо да не кажувам. Ќе го прекршам ветувањето ако кажам било што“ – Роберто Марони, гувернер на италијанскиот регион Ломбардија.
„Со претседателот на Наполи, Де Ларуентис се мачам да направам зделка, бидејќи кога продава играч бара дупло од реалната вредност, а кога треба да купи некој, нуди половина помалку. Но како и да е, го почитувам, работи во висок стил“ – Урбано Каиро, претседател на Торино.
„Останавме без Матиќ кој се повреди и сите мислевме дека ќе треба да игра Рамирес. Но јас не спиев многу и размислував, дека ако треба да се прави добро пресинг на средина, потребен ќе биде Марсел Десаи, така што викни го Курт Зума“ – Жозе Мурињо
„Утре сакам да спијам до пладне“ - Мурињо по триумфот над Вест Хем од 1:0.
„Со сите играчи можев да се разберам и со добрите и со лошите, но најтешко ми одеше со Ибрахимовиќ, бидејќи и двајцата имаме силен карактер и често влевувавме во кавга“
Новинарско прашање: Помеѓу вас и Ибрахимовиќ има голема разлика во висина за да може да водат битка.
„Се разбира, јас не сум глуп. Се расправам со него до одредена граница односно се додека не дојде моментот, ме разбра? – Иван Кордоба.
„Мојот терор се пајаците, кога ќе видам еден морам да викнам некој, бидејќи не сум способен да го нападнам“ – Герет Бејл
„Покрај тренери, станавме експерти и по финансии. Во јануари во Интер со различни видови на позајмица донесовме важни играчи како Шаќири, Брозовиќ и Сантон“ – Пјеро Аузилио, спортски директор на Интер.
„На прв впечаток ти изгледа дека грешките се случајни. Но потоа со тек на искуство и со се она што излезе на видела во изминативе години, по некој сомнеж секогаш ти останува“ – Џузепе Џани, поранешен капитен на Рома.