2011 Ман. Јунајтед - Арсенал 2:0 (1/4 финале)
Со головите на Фабио да Силва и Вејн Руни, „Црвените ѓаволи" го елиминираа Арсенал и се пласираа во следната рунда. Тоа беше трето испаѓање од некое натпреварување за Арсенал во сезоната.
2008 Ман. Јунајтед - Арсенал 4:0 (петта рунда)
Момците на Сер Алекс Фергусон го демолираа тимот на Венгер и во 2008. година. Со Рајан Гигс и Кристијано Роналдо на клупата, Манчестер го имаше расположениот Вејн Руни, кој уште во првиот дел му даде два гола на Јенс Леман.
2005 Арсенал - Ман. Јунајтед (финале и триумф за Арсенал на пенали)
За прв пат во историјата на ФА финалињата се шутираа пенали, а Манчестер не ги памти по добро. Ѓаволите играа подобар фудбал на дуелот во Кардиф, но мечот заврши без голови. Хозе Антонио Рејес беше исклучен пред крајот и така стана втор фудбалер исклучен во ФА куп финалето, после Кевин Моран. Пол Сколс промаши пенал во серијата која што ја затвори Патрик Виера за славје на „Топџиите".
2004 Арсенал - Ман. Јунајтед 0:1 (1/2 финале на Вила Парк)
Тимот од Лондон беше непобедлив во лигата таа сезона до гостувањето на Вајт Харт Лејн, а Манчестер ги спречи да освојат двојна круна. Мечот го одбележи страшниот фаул на Сколс врз Рејес, после кој Шпанецот мораше да ги оперира вкрстените лигаменти. Сколс го даде и единствениот гол на оваа средба.
2003 Ман. Јунајтед - Арсенал 0:2 (петта рунда)
Трите жолти картони во првите седум минути беа причина судијата Џеф Винтер да зборува со капитените Рој Кин и Патрик Виера. Иако реши да ги одмора Денис Беркгамп и Тиери Анри, Арсен Венгер на крајот се радуваше на големата победа после одличните голови на Еду од слободен и Силван Вилтор. Овој натпревар остана запаметен по копачката со која Фергусон го погоди Бекам во глава. „Случајно беше. Да пробав уште милион пати, немаше да го удрам во глава. Ако го погодев пак, ќе почнев да играм фудбал", изјави Фергусон подоцна.
1999 Арсенал - Ман. Јунајтед 1:2 (реприза на 1/2 финале на Вила Парк)
Овој меч го одбележа евроголот на Рајан Гигс, кој го прослави погодокот со тоа што извади чергиче од под дресот. За оние што не им беше доволен овој момент, Рој Кин доби црвен картон, Шмајхел одбрани пенал, а на Арсенал му поништија чист гол. Сезоната Манчестер Јунајтед освои тројна круна (првенство, ФА куп и ЛШ).
1988 Арсенал - Ман. Јунајтед 2:1 (петта рунда)
Алан Смит ги постигна головите со кои Арсенал поведе, а пред крајот, фаулот на Мајкл Томас врз Нормал Вајдсајд за пенал, му даде шанса на Јунајтед да израмни. Брајан Меклеир го промаши пеналот, а Најџлер Винтербурн му се смееше во лице, исто како што Мартин Кион му се нафрли на Нистелрој 15 години подоцна.
1983 Арсенал - Ман. Јунајтед 1:2 (Вила Парк)
Ривалството во ФА купот почна да добива сериозни размери во 1983. година. Арсенал поведе преку Тони Вудкок, но Јунајтед прво израмни преку Брајан Робсон на почеток од вториот дел. Норман Вајтсајд постигна ефектен гол од волеј и го постави конечниот резултат.
1979 Арсенал - Ман. Јунајтед 3:2 (финале)
Едно од најдобрите финалиња во историјата на ФА купот. На пеколна горештина, Арсенал во 85' минута водеше 2:0 со головите на Брајан Талбот и Френк Степлтон. Јунајтед израмни за кратко време преку Гордон Меквин и Семи Меклрој, но надежта им ја уништи Алан Сандерленд во 89' минута. Лиам Бредли ги намести сите три гола за Арсенал.