Роналдо на часови по дриблање кај Меси

Најдобриот фудбалер на планетата за минатата година, не е во друштво ниту на најдобрите 20 дриблери во Европа, а подобар од него има и Бразилец од Хофенхајм.

Според статистиката на WhoScored, Лионел Меси е најдобриот дриблер со 258 направени дриблинзи во изминативе две сезони. Во оваа конкуренција најблиску до него е Азард од Челси, а изненадувачки на третата позиција е 23 годишниот Роберто Фирмино од Хофенхајм со 10 дриблинзи помалку од фудбалерот на Челси.

Освојувачот на Златната топка оваа и минатата сезона не комплетирал ниту половина од бројката на Меси и со само 99 дриблинзи е далеку од врвот. По фудбалерот на Хофенхајм на листата следуваат уште петмина играчи од Бундеслигата, а тоа се Рафаел од Мехенгладбах (222), Белараби од Леверкузен (206), Чупо-Мотинг од Шалке (200).

Потоа следуваат офанзивните крила на Баерн Минхен, Рибери (175) и Робен (172), а топ 10 листата ја комплетираат Стерлинг од Ливерпул кој има ист учинок како Робен и Мура од ПСЖ.

6 март 2015 - 10:55