Репрезентацијата на Шведска до 21 година ќе игра во финалето на Европското првенство, откако убедливо со 4-1 ги совлада соседите од Данска. Јон Гвидети после мечот требаше да даде интервју, но...
Во кариерата играше за преку 20 клубови на 3 различни континенти. Кога сите бегаа од пеналот за пласман во полуфинале на Светско, тој се прослави со паненка и го завикаа El Loco (Лудиот).
На Европските игри во Баку се игра и баскет 3 на 3. Публиката виде многу атрактивни потези, но еден посебно го одбележа турнирот. Во финалето за злато денес играат Русија и Шпанија од 18:00, а за третото место ќе се борат Србија и Словенија.
Гестот со кој Хара се посрамоти на мечот со Уругвај не е единствен во фудбалскиот свет. Свесно или несвесно да пипкаат по незгодно место, навика имаа уште и Мичел, Мирковиќ, Патрис Евра...
Единсон Кавани ни крив ни должен доби црвен картон по провокацијата на Гонзало Јара на мечот во Копа Америка меѓу Чиле и Уругвај. На репрезентативецот на Чиле му извадија и други такви срамни потези кога ги чепкал Игуаин и Суарез.
За фудбалски натпревар кој завршил со кошаркарски резултат не мора да копаме примери само од Мадагаскар. Нешто слично се случи и во селата Велгошти и Долно Лакочереј, а битката била да се влезе во Пелагонија.
Реал Мадрид ја одби богатата понуда на Манчестер Јунајтед за Рамос, но во клубот се свесни дека заминувањето на дефанзивецот е реално, така што сега бараат алтернативно решение.
Обично кога некој шутира многу силно, голманот ја боксува топката. Ова што му се случи на голманов, како последица на ударот на бразилскиот напаѓач мислевме дека го има само на филм.
Еден од поатрактивните спортови на Европските игри во Баку (Азербејџан) е и фудбалот на плажа. Голот на Унгарија против Шпанија ќе ви биде од корист во случај летово да се решите да шутирате топка на некоја плажа.
Бранителот на титулата ги спакува куферите, домаќинот ита кон финале, Нејмар набљудува од публика, а Меси сè уште е без постигнат гол од игра. Од Копа Америка 2015 очекувавме поголема ефикасност.
Фудбалерите често тврдат дека на подготовките нозете се тешки и дека во тој период речиси да нема многу простор за мајстории. Речиси, затоа што Константин Будеску од романската Астра даде олимписки гол против Марибор со надворешен фелш директно од корнер.
Ерик Ламела од Тотенхем со рабона удар го даде најубавиот гол минатата сезона во Лига Европа. Специфичниот шут до совршенство го има извежбано анонимусов кој се дрзна да се испроба од корнер.
Главниот град на домаќинот на Копа Америка се соочува со сериозни проблеми со загадениот воздух, но не планира да ги прекине натпреварите. Здравствените организации од Чиле тврдат дека играчите вдишуваат многу лош воздух и здравјето веќе им е нарушено.
Посетеноста на стадионите во Англија е силна страна кај клубовите кои по секоја сезона вадат големи приходи. Ќе ги издвоиме шесте екипи кои изминатава сезона заработија најмногу пари од продажбата на билетите.
Скриените камери со девојчето дух во Бразил се смешни во однос на тоа што му го приредија на Маџид Багура, фудбалерот што играше за Глазгов Ренџерс, Шефилд и Чарлтон во Премиер лигата.
Селекцијата на Италија ја победи Англија на Европското првенство за играчи до 21 година, но кога го слушна резултатот од дуелот меѓу Португалија и Шведска им се стемни. Шведска им го направи истото и пред 11 години.