Фудбал

Ова го може само Фирмино

Ливерпул доби ново засилување за кое плати 29 милиони фунти. Во случај да не му оди на теренот, ќе може да ја забавува публиката на полувремето. Еве и како.

Како изгледаат падобранци на терен во селска лига

Се работи за случај во Србија каде натрапниците целосно го промашиле теренот. Тревата е вештачка.

Десетмина славни според кои Меси е број 1 во светот

Фудбалскиот магионичар денеска полни 28 години. Некои го сметаат за најдобар фудбалер на денешницата, а други истото го мислат за Роналдо. На четирикратниот освојувач на Златната топка капа му симнуваат Болт, Обама, Леброн Џејмс, Коби Брајант.

Леванте ќе им парира на Реал и Барса

Американскиот банкар и мнозински сопственик на Феникс Санс во НБА, Роберт Сарвер понуди 55 милиони евра за да го купи шпанскиот прволигаш Леванте.

Јуве се збогува со архитектите на успехот

По пет титули по ред во Италија, 36-годишниот маестро Андреа Пирло одлучи да ја заврши кариерата во Америка и да ужива во платата од осум милиони долари годишно. Заминува и Карлитос кој се враќа на Бомбонера.

Рекордни бонуси за фудбалерките кои играат за 485 долари

Во пресрет на четвртфиналниот дуел против САД, репрезентативките на Кина како мотивација ја добија најголемата парична награда во историјата на женскиот фудбал.

Икс факторот на Црвените од Енфилд

Ливерпул објави дека го испазарил Роберто Фирмино (23) од Хофенхајм за 31 милион евра. Плејмејкерот исцртан со бројни тетоважи минатата сезона даде 8 голови на 35 настапи за Бундеслигашот.

Меси низ годините

На денешен ден пред точно 28 години Селија Марија Кучитини на планетата земја го донесе фудбалскиот бог кој може да се пофали дека има жена, машко дете, многу пари, 412 голови за Барселона и 24 трофеи, девет повеќе од Марадона и Пеле заедно. Му посакуваме да го држи здравјето и формата и да освои и Светско првенство кое му фали во кариерата.

Манчестер Сити ја копира Барса?

Порталот footyheadlines објави како ќе изгледаат дресовите на многу екипи од Европа. Изненадување има во бојата кај граѓаните.

И ова го викаат исто фудбал

Дечките од Копа 90 копаа по светот за да дознаат какви сè варијанти на фудбал се играло низ историјата и денес.

Ризикот кога ви фали човек за фудбал

За да не пропадне фудбалот кога ви фали играч обично викате било кој, но ако претходно не сте го гледале како игра и да го ставите на гол нема фајде ако ви се падне ваков.

Отворена војна во Реал Мадрид, што точно се случува?

На Сантијаго Бернабеу врие како во котел, откако играчите се свртеа против управата. Рамос, Роналдо и Касиљас, секој од свои причини се револтирани од односот на Флорентино Перез.

Не за џабе го нарекле слободен удар

Нашата единствена дилема на ова видео е која му беше намерата, да шутира директно во гол или да ја нафрли?

Буџетот за Мундијалот во Русија пократок за 560 милиони долари

Изградбата на стадионите ќе продолжи, но буџетот за планираната изградба на хотели и сместувачки капацитет ќе се намали за половина милијарди долари.

Светскиот фудбалски успех на Југославија

28 години пред Србија, Светското првенство за играчи до 20 години успеа да го освои златната југословенска генерација предводена од Бобан, Просинечки, Мијатовиќ, Шукер. Но никогаш нема да дознаеме дали заедно со Пикси, Савичевиќ, Панчев, Михајловиќ ќе успеаа во тоа и на еден сениорски Мундијал.

Фалкао со номинација за глума на годината

Колумбискиот напаѓач со потегот против Перу на Копа Америка влезе во конкуренција за наградата Fallon D'Floor.

Најпознатиот анонимус за светската титула на Србија

Бркот со двата заба и најзаразно смеење кој го измонтираа во најразлични варијанти, ја коментира победата на Србија против Бразил во финалето на Светското младинско првенство и тоа што им го вети српската старлета.

Азија му носи малер на Реал Мадрид

Рафа Бенитез треба да се подзамисли дали азиските земји се вистинска дестинација за темпирање на формата. Кралевите само еднаш имале бериќетна сезона откако претходно се подготвувале на блискиот исток.

Старо аро се враќа, му се игра фудбал

15 месеци му требаа на легендарниот Ривалдо да сфати дека не може без фудбалот, по што реши да заигра повторно за клубот Моги Мирим каде е претседател.

Патувањето на Англичаните од 130 метри

Глупавото правило на УЕФА дека секоја селекција која игра официјален меч треба да патува од хотел до стадион без разлика на раздалеченоста, ги натера Англичаните да се качат на автобус за пат кој се поминува пешки за 76 секунди. Новинар од Индепендет им го сними патешествието долго 130 метри.

Турското МНР прати авион за Ето

Во Турција продолжува полемиката околу тоа зошто министерот за надворешни работи од државната каса му помогнал на клубот Анталијаспор за што побрз трансфер на Камерунецот.

Татко ми ми викаше земи да учиш, нема леб од фудбалот

Ќе станеше ли Србија светски шампион во фудбал доколку детево го послушаше татко му? Брада. Тој си тераше по свое, а тоа му донесе гол во 118 минута против Бразил со кој ја крена на нозе својата земја.

Целерот на Стемфорд Бриџ, трампата за свинско и 149-те автоголови

Сите ја паметиме „божјата рака” на Марадона, големата трагедија во Хилсборо, но фудбалот има донесено и многу чудни и невообичаени приказни како што е едноминутното молчење за навивачот кој уствари тогаш бил на стадион.