Југославија и Англија со по 8 бода во последното коло имаа директен дуел за пласман на ЕП 1988, а на гостите доволно им беше само еден бод.
Селекторот Ивица Осим во прв состав ги имаше Мауро Равниќ, Зоран Вујовиќ, Мирсад Баљиќ, Среќко Катанец, Марко Елснер, Фарук Хаџибегиќ, Драган Стојковиќ – Пикси, Марко Млинариќ, Фадил Вокри, Мехмед Баждаревиќ и Златко Вујовиќ.
Но тоа не беше нивна ноќ и не одиграа како што треба, кога најмногу требаше. Питер Бердсли, Џон Барнс, Брајан Робсон и Тони Адамс го наполнија голот на гостите за 25 минути, а единствениот гол за Југославија го постигна Катанец.
Тоа беше највисокиот пораз на Југославија од 1977 година и еден од најдобрите гостински резултати на Англија која замина на Европско со 19 дадени и само еден примен гол.
Ден пред средбата на стадионот на Црвена Звезда, концерт одржа британскиот пејач Клиф Ричард, но на играчите не им беше дозволено да одат. Се појавија само луѓето од стручниот штаб на Гордиот Албион.
На Еврошампионатот во Германија на кое учествуваа 8 земји, Англичаните ги загубија сите три меча во групната фаза, а титулата отиде во рацете на Холандија, предводена од Марко ван Бастен.