Фудбал

Баварците им ја подадоа најдолгата рака на децата

Раководството на Баерн Минхен ќе отвори посебен камп за децата бегалци каде ќе тренираат, ќе посетуваат часови по германски и ќе добиваат бесплатни оброци. Клубот ќе донира 1,1 милион евра за овој проект кој го започна со нивното појавување на терен пред 75.000 навивачи кои аплаудираа.

Старата дама се прошета во Манчестер

Јувентус го совлада Манчестер Сити 1-2 на гостински терен и направи големо изненадување во првото коло од ЛШ. Реал убедлив против Шахтјор, Јунајтед поразен во Ајндховен, лесни победи на ПСЖ и Севиља.

Ништо ново кога е во прашање посетеноста во Премиер лигата

По петте поминати кола по кои Манчестер Сити е перфектен со 5 од 5, а Челси кризира со само една победа, бројките кои излегоа за посетеноста на стадионите се типични за една таква фудбалска нација.

Човекот акробација - Маурицио Пиниља

Поранешниот вундеркид на чилеанскиот фудбал се препороди со маестралните ножички кои станаа заштитен знак на неговата игра, потег со кој редовно ги матира голманите.

Жената и страста за Лига на шампиони

Жени (освен вие што пратите фудбал) нема љутиш. На 15 септември почнува тоа што во вторник и среда (има и паузи) од 20:45 до 22:30 ќе ни биде празник за душа и очи. Ако нè сакате и разбирате донесете ни пиво и кикирики, а ако сакате и придружете ни се, но немојте во тие два саати да ни зборувате за тоа дека треба дома да се менуваат завесите. Ова важи од вечерва, па до финалето на 28 мај 2016-та, кое се игра на Сан Сиро во Милано. 

Гостувањето на Пеле на Чика Дача во Крагуевац

Сантос после Звезда и Динамо требало да игра против Партизан, но кога најдобриот фудбалер во светот го гледал Раднички во живо одлучил вака: Не, нема да играме против Партизан, туку ќе играме против овие момци“.

Фудбалски Тел Авив за и против бегалците од Сирија

Голем број навивачки групи ширум Европа кои се за прифаќање на мигрантите убедливо водат против оние за кои мигрантите не се добродојдени.

Од дом за бездомници до реновиран стадион

Навивачите и поранешниот капитен на клубот од вториот град по големина во Чешка се обединија во реновирање на стариот стадион кој ги памети славните денови на Збројовка Брно.

По една гушка за Роналдо

Роденден не му е, а веројатно ниту именден, но можеби тоа му носи среќа за да дава по 5 голови. Снимката е од тренингот на Реал кој вечерва во ЛШ игра против Шахтјор Доњецк.

Не игра само Барса тики - така

Минатата сабота во украинската Премиер лига, Металург Запорожје загуби 1-4 од Днипро, но единствениот гол кој го дадоа домаќините вредеше колку сите 4 на гостите.

Сите против Барселона, Барса против историјата

Со натпреварите од првото коло во групната фаза, вечерва започнува 23. сезона на Лигата на шампионите во која никогаш никој не ја одбранил титулата освоена претходната сезона.

Што прават ѕвездите на Парма кои пред 15 години ги гледавме во Скопје?

Дуелот од интертото меѓу Победа и Перуџа одигран во Прилеп ни беше малку избледен па ве потсетивме со видео. Една година подоцна Прилепчани на Градски пречекаа многу посилен противник предводен од Канаваро, Турам, Буфон...

Два волеј удари на колото

Првиот е бразилски, а го постигна Паулињо од Фламенго на кој му легна многу слатко. Вториот е естонски и интересно е што прво играчот ја штопна со глава, а потоа ја удри душмански.

Нигеријско-хрватската врска која ќе ја модернизира Ријека

„Желбата ни е денот на натпреварот да биде семеен ден. Во Торино ако мечот се игра во недела вечер родителите со децата одат на стадион во еден, седат во ресторан или во кафиќ и одат на шопинг. Така сакаме да биде и тука“, вели архитектот новиот стадион на Ријека.

Некогаш добри соседи, денес смртни непријатели

Покрај Ривер - Бока, во Аргентина викендов се одигра уште едно големо фудбалско дерби, Ланус - Банфилд. Мечот меѓу овие два тима често носи поголема тензија и од Суперкласико.

Што гледаат Комити во Гелзенкирхен?

На 24. јули 2004 година во натпревар од Интертото купот играа Вардар и Шалке 04. Пред мечот група навивачи на Вардар се спријателија со гостите од Германија и веќе 11 години трае нивното пријателство. Комити секоја година одат на неколку натпревари на Шалке, а имаат и што да видат во Гелзенкирхен.

Борусија Дортмунд рафално

Лани играа очајна сезона, но во тековната стартуваа неверојатно и на 9 меча во сите натпреварувања од почетокот досега постигнаа 33 гола.

Вечната потрага на Берлин по фудбалски идентитет

Главните градови низ Европа се полни со различности и Берлин не е исклучок. Сепак кога се зборува за фудбалот, главниот град на Германија лежи во сенка, а причините за тоа се различни.

Има услови за игра

На меч од бразилската втора лига, судијата сакал натпреварот да се одигра по секоја цена, без разлика на (не)условите.

Кој ја има предноста во миланското дерби?

Вечерва од 20:45 се игра Дерби дела Мадонина, битката за Милано меѓу Интер и Милан. Многу дебитанти во мечот во кој шансите за триумф се израмнети.

Голмански слалом на денот

Голманот на Сао Паоло, Рожерио Сени кој има постигнато 131 гол, има нов предизвик кој се вика Лаурент Монде и неговиот гол од 1989 година. 

Роналдо одличен 5

Од денес, Реал Мадрид има нов најдобар стрелец во историјата. Кристијано Роналдо го престигна Раул Гонзалес, иако има 347 натпревари помалку од него во дресот на Меренгес.