За 23 годишниот Кевин Лазања никој не знаеше ништо во италијанскиот фудбал сè до вчера кога го прогласија за херој на мечот против Интер. Неговиот беграунд не се темели на никакво искуство во младински школи, туку почнал во Говернолезе на 18 години, екипа во шеста или поточно аматерска лига.
Еден чекор понапред во кариерата му се настапите во Череа и Есте, две непознати италијански екипи кои инаку се дел од Серија Д, четврта лига по ранг во Италија.
Во јули 2014 година им го привлекува вниманието на првите луѓе на Карпи каде истата година дебитира во Серија Б. Оваа сезона за него е од соништата бидејќи од играње по мали терени и сали, станува дел од најелитното италијанско фудбалско друштво Серија А.
По дури 19 настапи во прва лига, деби голот го постигна дури во 21 коло и тоа против Интер во 92 минута за кој навива до срж. Кевин Лазања денеска е хит на социјалните мрежи со хаштагот #КЛ15, а најмногу во монтажите настрада Роберто Манчини кој одигра срамни 1:1 против новиот прволигаш на својот 200-ти меч како тренер на Интер.