Зошто Џовани Ањели сите го викаа Џани? Одговорот е едноставен. Прекарот го добил во чест на својот дедо со кој бил многу поврзан. Прекарот Адвокат го добива затоа што во младоста студирал право, иако во животот никогаш не се занимавал со оваа професија. Кога основачот на ФИАТ, неговиот дедо умрел во 1945. година, на својот внук му оставил сè и тоа во еден од најмрачните периоди во италијанската историја.
Хоби му била работата со весници, осигурителни друштва, прехрамбена индустрија, градежништво. Љубовта кон Јуве на малиот Џовани му се родила на четири години кога првпат го гледал тимот. На 14 години останал без родителите кои загинале во сообраќајна несреќа.
За неговиот живот се знае малку, и не е чудо затоа што животот на Џани Ањели бил права мистерија и за неговите најблиски пријатели. Во исто време бил отворен за разговор и многу љубезен, но секогаш успевал да ги држи луѓето на дистанца. Не сакал собири во компанијата, секогаш бил сам со себе. Никогаш не барал помош во решавање на неговите проблеми.
Немал телохранители, за нив велеше: „Тие многу гледаат и премногу озборуваат".
Поминаа 13 години откако ја загуби најважната животна битка, а во Торино се сеќаваат на човекот без кој Јуве немаше да биде современ клуб каков што е денес. Во животот Џани Ањели имаше доста пријатели, но уште повеќе непријатели. Успешните луѓе ретко кој ги сака, велеше тој. За време на својот живот, Адвокатот ја стекна титулата некрунисан крал на Италија.
Беше крал на стилот.
Во Италија и натаму се раскажува моментот кога при едно гостување на државната телевизија во '70-те години се појавил во студио со розев џемпер, а следниот ден речиси цела земја носела такви џемпери, до тој момент незамисливи. Џани беше човек кој го спои Југот и Северот на Италија.
Како модна икона на своето време со најскапоцени кошули и луксузни часовници (прв се појави со рачен часовник преку кошула), Адвокатот имаше афери само со познати личности. Пеачки, манекенки, глумици, а меѓу нив и Џеки Кенеди, првата дама на Америка. Сите тие поминале низ Вила Ањели.
Адвокатот ги сакаше жените, но повеќе ги сакаше неговите три чеда: Фиат, Формула 1 тимот на Ферари и секако Јувентус. Добро позната вистина е и дека Џани го обожуваше Алесандро Дел Пјеро (тој му го даде прекарот Пинтурикио), лично учествувал во трансферот на Мишел Платини и неретко беше гостин на клупата на Марчело Липи (со пурата).
Адвокатот беше побрз од животот. Луѓето од неговиот персонал често го користеле следниот слоган: „Ањели е ФИАТ, ФИАТ е Торино, а Торино е Италија". Државното правобранителство го проценило неговото богатство на две милијарди долари, но бројките неформално биле многу поголеми. Адвокатот држел четвртина од целата италијанска економија и вработувал околу 360.000 луѓе.
Во Италија во 2000. година имало опсежна истрага која имала за цел да ги разоткрие најкорумпираните лица. Но ФИАТ немал никаков проблем, затоа што угледот на оваа компанија не можел да го сруши никаков скандал. Меѓутоа дека парите и изгледот не носат гарантирана среќа покажа настанот во 2000. година кога неговиот син Едоардо Ањели изврши самоубиство. Многумина сметаат дека оваа трагедија ја забрзала болеста и смртта на Адвокатот. Џани Ањели изгледаше како човек кој може да живее до 100, но ракот на простата го направи своето.
Многу играчи во своите мемоари се сеќаваат како Ањели лично доаѓал со хеликоптер во нивната база за лично да се поздравува и разговара со секој од нив, пракса што денес невешто ја копира Силвио Берлускони. Адвокатот го гледаше Јувентус на сите натпревари, а кога нозете му попуштиле и бил врзан за креветот, единственото нешто што го правело среќен е да ја гледа Старата дама на телевизија. Славното дело на Џани Ањели го продолжија неговите внуци Андреа Ањели и Џон Елкан, затоа што Јувентус е просто тим што е во ДНК-та на оваа фамилија.
Почетокот на '30-те години - семејство Ањели. Лево малиот Џани (роден на 12 март 1921 година) заедно со браќата и сестрите (имал 6 браќа и сестри).
1936-та година, Виљар Пероза. Џани Ањели (десно) со дедо му, сенаторот Џовани Ањели
1951, Џани Ањели со геометарот Монатери и со Комби на стадионот „Комунале“ во Торино
Во 1953 Ањели во замокот Остхофен во Стразбур се оженил за Марела Карачоло деи Принчипи со која добил две деца, Едоардо и Маргерита
Торино, 1954: на промоција на Фиат Турбина
Со Силвио Берлускони
Со Карло Анчелоти и Лучано Моџи
Адвокатот Џани Ањели, симболот на Јуве. Беше претседател на бјанконерите од 1947 до 1954