Поради проблеми со коленото Џузепе Роси сезонава одигра само четири натпревари за Фиорентина и среќата од овој месец повторно ќе ја бара во Шпанија. За Виљареал играше шест години, а сега оди на позајмица во Леванте на кој ќе му помага да не испадне во втора лига. Чичково не знаеше како да му се заблагодари од возбуда што дошол кај нив.