Мадона еднаш извади маица со наслов „Италијанците тоа го прават најдобро“. И додека принцезата на поп музиката мислеше на едно друго популарно минато време, тоа можеше едноставно да го насочи да се однесува на фудбалот.
Со четири освоени Мундијали само Бразил го има освоено повеќе пати највредниот златен пехар, а тоа се случи во пенал серијата токму против Аѕурите на СП 1994. На клупски план италијанските екипи имаа акумулирано најмногу европски трофеи, дури 38 (ЛШ, ЛЕ и веќе непостоечкиот Куп на куповите на победниците).
Само еден клуб во светот е поуспешен во меѓународни рамки од италијанскиот Милан. Тоа е Ал Ахли од Египет кој има освоено 20 интернационални трофеи, два повеќе од Милан кој до пред некоја година го држеше епитетот на најтрофеен клуб во светот со освоени интернационални трофеи.
Што се крие зад успесите на Италија?
Тоа е прашање за кое има многу објаснувања, од социо-културни до антрополошки аспекти.
Тактичка превласт
На фудбалско ниво постои мало сомневање дека тактичкото владеење на Италија не им е клучно оружје. Без разлика дали тоа е Катеначото на Хеленио Херера кој во 60-те освои две европски титули со Интер, пресингот на Ариго Саки или „лажната 9-ка“ на Спалети, на Апенините веќе долго време во првите редови се стратешките иновации.
Постои една уникатна опсесија со тактиката во Италија. Нејзиното значење им се укажува уште на децата од рана возраст, тренерите многу прецизно го проучуваат следниот противник, тренинзите знаат да поминат во планирање, а во фудбалските емисии доминираат дискусиите за тактика.
Медиумите во оваа земја имаат големо влијание врз процесот на размислување на нејзините жители и Жозе Мурињо еднаш изјави: „Во Италија секој мисли дека е тренер“. Додека на навивачите во разни земји им е досадна тактиката за тумачење, просечниот Италијанец е фасциниран од оваа тема и го препознава неговото значење.
Ниту една друга земја нема произведено светска класа на дефанзивци од калибарот на Гајтано Ширеа, Франко Барези, Паоло Малдини, Алесандро Неста и Фабио Канаваро кои ја читаа играта на противникот три или четири потези пред да тргне акцијата. Тоа доведе до двојната европска круна на Херера со Интер, на Трапатони со Јувентус, на Саки со Милан и двата освоени Мундијали на Италија во 1982 и 2006.
Италијанските тренери се постојано дел од елитата и се дел од светски познатиот тренинг центар Коверчано кои негува личности како Марчело Липи, Фабио Капело и Карло Анчелоти. Коверчано ги учи своите студенти како да се биде стратешки адаптибилен.
Холандија е позната по својот систем со 4-3-3, Бразил со атрактивна напаѓачка игра, Шпанија со куси додавања, а Италија има поинаков идентитет. Покрај повремените потреби да се впуштат во одбрана во клучните моменти, секогаш се експерти за менување тактика.
За време на Светското 2006-та, Липи користеше формации 4-4-2, 4-4-1-1, 4-3-1-2 и 4-4-2 и тоа многу од овие формации ги смени во еден ист меч.
„Италија на тактички план најмногу има еволуирано“, изјави поранешниот стратег на Јувентус.
Менувањето на тактиката е посебно важна особено во нокаут фазата каде не постои втора шанса за исправување на грешките. Звучи неверојатно податокот, но Италијанците само два пати загубиле натпревар во нокаут фазите на Светските првенства во регуларните 90 минути. Во финалето на СП 1970 од Бразил и во вториот круг на Мундијалот 1986 од Франција.
Победата на Макијавели по секоја цена
Филозофот на ренесансата од Фиренца, Николо Макијавели има силно влијание во психата на Италијанецот, а најпознатата негова фраза е „Целта ги оправдува средствата“.
Макијавели ова го напишал како резултат на тоа што е важно дури и ако се добива преку методи кои се цинични. Тоа често се случува денеска во јавниот живот во Италија, особено на југ без разлика дали се работи за избегнување данок или кршење ситни правила како возење со воз без карта.
На фудбалскиот терен овие измами се заменуваат со прекршоци како влечење за дрес, симулација, тактички фаули и други вакви форми. Да се биде паметно лукав не се смета за мамење, туку за вештина.
Губитник во дуелот меѓу Матераци и Зидан пред 10 години беше Французинот бидејќи тој му удри глава на Матераци, потоа доби црвен картон и без својот лидер Франција го загуби финалете на пенали. На Мундијалот во 1982 Клаудио Џентиле на дуелите против Аргентина и Бразил ги чувал Марадона и Зико.
На вториот дресот на полувреме му бил искинат, а Џентиле останал неказнет. Дури и во 1934-та кога Италија го освои првиот Мундијал, Енрике Гуаита го постигна решавачкиот гол во полуфиналето против Австрија по недосудениот фаул на Џузепе Меаца врз голманот.
„Кога Италијанец ќе ми каже дека има паста во чинијата, проверувам под сосот за да се осигурам. Тие се измислители на димната завеса“ се пошегува во една прилика Сер Алекс Фергусон.
За волја на вистината, Шкотланѓанецот се восхитуваше на тактичката и ментална моќ на италијанските екипи и изјави дека победничкиот пехар во ЛШ во 1999-та се случил пред поради големата желба за победа против големиот Јувентус предводен од Липи кој во состав тогаш имаше имиња од типот на Виали, Дел Пјеро и Дешамп.
Фудбалот е религија
Желбата за победа е клучен фактор за успешната италијанска приказна. Покрај Бразил, Италија е веројатно единствената земја во светот каде фудбалот навистина може да се класифицира како религија. Некои фигури го постигнаа статусот на Бог како примерот со Диего Марадона во Неапол. Иако фудбалот на клупско ниво се подигна со помош на економскиот бум и поддршката од тајкуните како Берлускони, Ањели и Морати, сепак главното е што фудбалот во Италија е како фанатизам.
Фудбалот е испреплетен во различни аспекти од животот на Италијанците. Од знамиња и приврзоци во секое кафуле, па се до пропагандата на политичарите како Мусолини и Берлускони кои преку него го зголемуваа својот политички рејтинг.
Покриеноста во медиумите е огромна, а дневните весници Газета дело Спорт, Тутоспорт и Кориере дело Спорт се во продажба уште по крајот на Втората светска војна. Мажи и жени, млади и стари, горна и долна класа, секој во Италија знае за фудбал. Тешко е да се избега од таа страст.
„Италијанците губат војни како да се фудбалски натпревари и фудбалските натпревари како да се војни“ – Винстон Черчил
И покрај тоа што една владина студија во 1986 година открива дека 62% од Италијанците не се чувствуваат дел од националната колективна група, има една работа која ги обединува сите региони, а тоа се Аѕурите. Рекордни 32 милиони Италијанци го гледаа на тв финалето на Светското првенство во 1982-ра против Западна Германија.
Кога почнува Светско првенство, сите поделби се забораваат. Мусолини бил влијателен во создавањето на оваа комбинирана страст и под неговата диктатура фудбалот станал национален спорт во Италија, а земјата доживеала голема гордост кога во 30-те освоиле два Мундијали по ред.
Добитна комбинација
Постојат четири главни карактеристики кои ја определуваат силата на еден фудбалер или тим: тактички, ментално, технички и физички. Технички оваа нација имаше генијалци како Џани Ривера, Сандро Мацола, Роберто Баџо, Алесандро Деј Пјеро, Франческо Тоти и Андреа Пирло. Физички имаше имиња од калибарот на Тарчизио Бургник, Ромео Бенети, Џентиле, Џенаро Гатузо.
Но во Италија се вклопуваат сите четири категории заедно и затоа е лесно да се види зошто е најуспешната светска фудбалска нација. Многу други земји се дефицитарни во барем една од овие области, како на пример Англија технички и Шпанија ментално.
Италијанците се мајстори, тактички и ментално. Тоа е добитна комбинација која има произведено резултати на кои дури и Макијавели би бил горд. Можеш да ги сакаш или да ги мразиш. Италијанците тоа го прават најдобро.