Мауро Зарате ќе добие нов пасош, благодарение на потеклото на татко му, кој е роден во градот Калама, на северот од Чиле. Селекторот на чилеанската репрезентација, Јорхе Зампаоли и пред и после СП во Бразил му понуди на Зарате да го искористи двојното државјанство и да игра за Чиле.
Зарате реши да го чека списокот на новиот селектор на „гаучосите“, Тата Мартино кој минатата недела се одлучи за Меси, Игуаин, Тевез, Агуеро и Паласио, но не и за Мауро Зарате (27).
„Мауро го анализираше последниот список на Аргентина и виде дека за него нема место во таква конкуренција. Можеби нема среќа што игра во времето на Меси, Агуеро и Игуаин, па од таа причина ја прифати понудата на Чиле. Мислам дека заслужи шанса по сè што направи со Велез Сарсфилд, но не му ја пружија“, изјави Роландо, братот и менаџер на Зарате за аргентинското радио Ла Ред.
Минатата сезона, Зарате даде 13 гола во 4 месеци како играч на Велез и ја освои титулата најдобар стрелец на Torneo Final во Аргентина. Зарате во 2007. последен пат играше за една аргентинска селекција, кога во финалето на СП за играчи до 20 години даде гол против Чешка во победата од 2:1.
Напаѓачот изјави дека се радува што ќе игра покрај Видал, Медел, Пиниља и Алексис Санчез.
Лацио - Рома 11.04.2009