Во месец мај додека играше за Тотенхем против Челси, Џад Спенс доживеа тешка повреда прелом на вилицата по еден удар на Лиам Делап. Центарфорот на Челси тогаш доби само жолт картон а Спенс ризикуваше да не оди на Светско првенство.
Но веќе на следниот натпревар против Евертон ги одигра сите 90 минути а потоа го викаа и на пријателските на Англија (на една против Нов Зеланд имаше и асистенција а победничкиот гол).

„Гаден судар“, се сеќавал бекот на Тотенхем за дуелот. „Дали бев исплашен за последиците? Не баш. Беше болно но за среќа фудбал играм со нозе а не со вилица така што се е во ред“, рекол Џед и бил изненаден што Лиам Делап не бил исклучен за фаулот.
Од тој момент мора да игра со заштитна маска зошто се очекувало целосниот опоравок на вилицата да трае три месеци. Џед Спенс раскажал и:
„Млку е неудобно, но што да се прави? Ми се скрши вилицата па морам да носам маска на целото Светско. Потребно е малку време да се навикнам. Ја носам на тренинзи, се навикнувам на неа по горештини и се обидувам правилно да ја носам“.

Десниот бек имаше 0 голови и 0 асистенции изминатата сезона во Премиер лига па чудеше и изборот на селекторот Тухел кој беше критикуван што не го викнал Трент Александер-Арнолд а го викнал Спенс.
„Благоадрение на својот профил тој ѝ дава на екипата нешто што ни недостига. Тој е најбрз играч кај нас и сака дуели еден на неден. Тој беше одличен на секој натпревар за рперезентацијата“, го испофалил Тулеј неговиот десен бек Џед Спенс.