За полуфиналето во ЛШ 2003: Никогаш не сум судел толку напнат меч, сè уште им ги слушам гласовите на Матераци и Гатузо

„Тоа беше најкомплицираниот натпревар во мојата кариера. За да имам поголема концентрација, последните неколку минути пред стартот ги поминав сам во соблекувална и на глас ги читав имињата и бројките на играчите. Не смеев ништо да погрешам“, се сеќава главниот судија Жил Вејсиер.

Судел на Светското 2002, двете европски 2000 и 2004, многу квалификациски средби, како и натпревари од Лига на шампиони, ама ниту една не го стресирала како полуфиналето меѓу Интер и Милан.

Жил Вејсиер кој сега има 63 години го судел реваншот на 13 мај 2003 кога Милан после оние 0:0, ремизираше 1:1 како гостин. Нерешен резултат вреден финале на Олд Трафорд кое потоа го доби против Јуве на пенали.

Поранешниот француски арбитар судел стотици натпревари, но не може да се сети на толкава напнатост видлива кај играчите, тренерите, раководните лица и навивачите.

Кога Шевченко дал гол, здивнал, знаејќи дека нема да се претвори мечот во битка од 120 минути.

Какви спомени чувате од тој меч?

Тоа беше историски настан, бидејќи двата клуба никогаш не се сретнале на такво ниво во Европа. Челниците на клубот ми рекоа дека ако можеле да стават на рсполагање милиони карти, ќе се продаделе сите.

Каква беше атмосферата на стадион?

Ќе ви одговорам на англиски. Incredible. Incredible. Incredible. Во лицата на играчите, Анчелоти, Купер, Берлускони и Морати се забележуваше необична тензија. Да не зборуваме за пред мечот. Беше тотален молк.

Во која смисла?

Мечот требаше да почне во 21 часот и за да бидеме точни со моите помошници имавме погледи кои беа постојано вперени во часовниците. Поради густиот сообраќај, претседателот на Милан пристигна скоро на стартот. На крај, мечот почна со мало задоцнување.

Како се подготвувавте?

За да го разберам подобро контекстот, првиот меч го студирав на тв. Тоа беа 0:0 кои им одговараа на Милан, кој на реваншот со гол како гостин можеше да ги смени работите. Како што и направи.

Шевченко?

Даде гол непосредно пред крајот на првиот дел со што ја наруши рамнотежата. Ова е тешко да се објасни, но за мене и за цел судиски тим тоа беше момент за воздишка. По комплексните 45 минути, тој гол значеше дека натпреварот ќе трае 90 минути. И верувајте, многу беа долги. Можеби ќе беше најреално мечот да се решава во продолженија или на пенали. Со израмнувањето на Мартинс на 1:1 како и двете екипи да се откажаа.

Како реагираше Интер по водството на Милан?

Како одминуваше времето беа се понервозни. Во последните неколку минути Сан Сиро беше како базен. Некои играчи се обидуваа да нуркаат за да изглумат пенал или слободен удар. А пак Матераци и Гатузо мрмореа во текот на цел натпревар. Сè уште им ги слушам гласовите.

Како успеавте да ја менаџирате ситуацијата?

Со избегнување на делење картони. На вакви мечеви судијата треба да мисли на тоа дека еден жолт картон може да тежи многу со оглед на тоа што следува финале. Да не зборуваме за црвен. Не е лесно, потребна е рамнотежа. По сета таа напнатост, денес е убаво сеќавање и задоволство. Беше тежок натпревар за судење.

Реваншот вечерва ќе го суди вашиот сонародник Клемент Турпин. Ќе го гледате?

Престанав да следам фудбал откако и се предадов целосно на мојата стара професија. Денес живеам нов живот во Ница. Управувам здружение за помош на сиромашни луѓе, топката не ми е важна како во минатотото.