23 победи, 2 нерешени, 2 порази, 71 освоен бод и убедливи 19 бодови пред Лацио, 21 пред Интер, 23 пред Милан...
Да бидеме реални, другиве нема што да бараат. Во игра се уште 11 кола или 33 бода. Наполи треба да загуби 7 меча, а Лацио да ги добие за да биде прв со +2 бода. Што е многу, многу е.
Наполитанците не се плашат повеќе да трошат пари, време и ресурси за да го претворат градот во шампионски. Почнуваат да го спремаат на големо.
Идните шампиони се наоѓаат на големи постери и висат на балкони до Марадона, а го испечатија и бројот 3. Првите две титули ги освоија во 1987 и 1990 со Диего.
Елмас нека почнува да се подготвува за големо славје кое ќе биде сигурно многу порано од 4 јуни кога завршува сезоната во Серија А.