Во Баерн мора да се зборува германски, професорот кој ги учи странските играчи е шампион

Голем клуб со такво реноме не остава ама баш ништо на случајот. Затоа и важат за најсредениот колектив во Европа. Имаат вработено професор по германски јазик и книжевност кој секојдневно работи со странските играчи.

Сите клубови во елитната германска Бундеслига имаат цврсто, железно правило - играчите се должни да зборуваат исклучително на германски јазик, без разлика од каде доаѓаат.

Дури и ако во стартниот состав на екипата немате ниеден Германец, а бројот на странци на клупата оди и до 80% како што е во РБ Лајпциг сезонава, ни тоа не е причина да се оди на универзалниот англиски јазик.

Ниту Баерн Минхен не е исклучок. Сите информации (распоред на тренинзи, план на гостувања и патувања, маркетинг настани), странските фудбалери ги добиваат од менаџерот на екипата на германски јазик.

Претходно клубот ги праќал странските играчи во разни школи за странски јазици во Минхен но тоа се испоставило неефективно затоа што играчите имаат нефлексибилен распоред (натпреварите сред недела или непланирано одење на лекар или масажа, ја срушиле оваа идеја).

На Баерн Минхен му требал свој предавач, професор по германски јазик, достапен во секое време во своја канцеларија на Зебнерштрасе, за после тренинзите играчите да доаѓаат на часови кај него.

Во последните неколку години тоа е професорот Макс Штегмилер.

КОЈ Е ШТЕГМИЛЕР, ОМИЛЕНИОТ ПРОФЕСОР НА „АЛИЈАНЦ АРЕНА“?

Макс има 42 години. Роден е во Штутгарт. Дипломирал а потоа и предавал германска книжевност, историја и јазик. Во еден момент веќе не сакал да работи на универзитет како предавач па го заинтересирале курсеви по германски јазик, книжевност и историја за странци.

Во 2014-та добил покана за работа од Баерн Минхен.

„Кога почнав тука да работам, бев загрижен многу. Не контактирав лесно со ѕвездите во екипата, ама после фатив дека они не се разликуваат од обичните студенти“, се сеќава Макс.

БЛАГОДАРЕНИЕ НА ПРОФЕСОРОТ ШТЕГМИЛЕР ХАВИ МАРТИНЕЗ БРЗО ГО СОВЛАДАЛ ТЕШКИОТ ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК КОЈ ГО ЗБОРУВАЛ ДРУИ НА СОН ПА ЈА УПЛАШИЛ ЖЕНА МУ

Најтешка задача на професорот по германски јазик Макс Штегмилер била да му помогне на новиот играч да го преброди стравот и побрзо да почне да збори. Според Макс, тогаш може да се зборуваат и неповрзани работи ама подобро отколку да се молчи.

„Ако мене ме прашаат сега кој од моите играчи би го пуштил на интервју место мене, тоа би бил лично Лук Ернандез. Он не се стега и збори цело време. Да, со тек на време тешко беше да се разбере, ама неговата желба да научи странски јазик е неверојатна“.

На првите часови Штегмилер им дава на учениците можност да поразговараат, да раскажат повеќе за себе и да му постават какво било прашање. Тие зборуваат со него на својот роден матичен јазик зошто Макс владее со шпански, француски и англиски јазик, па така ги опушта фудбалерите.

Откако ќе стекне доверба кај нив и авторитет, ги внесува во германска граматика. После тоа играчите веќе знаат да прашаат општи работи и да одговорат на општи работи.

МЕТОДИТЕ НА МАКС

За странските играчи уште од првите денови да му ги разберат барањата, професорот по германски составил фудбалски лексикон (речник) на англиски, француски и шпански.

Хави Мартинез, Шпанецот кој прејде во Баерн Минхен во 2012 за рекордна сума и стана тогаш најскапо платен фудбалер во историјата на минхенскиот клуб, на тренинзите цело време слушал како му викаат „Лео, лео“.

Прво мислел дека тој прекар му го дале зошто така викаат новајлии во Германија, ама после сфатил дека така бараат од соиграчот да ја остави топката (кај нас фудбалски е: остави, пушти и слично).

Шпанецот брзо ги научил сите германски букви и отишол кај Макс со барање да му ги преведе локалните хитови. Мартинез го обожавал Марк Фостер и песната Kogong.

„Среќен сум што имаме професор како Макс. Со него секогаш е весело и интересно на часови. Точно е дека некогаш гласно ни вика, ама тоа е ок. Секој пат со задоволство одам кај него на часови после тренинг“, раскажал Хави Мартинез кој освои еден куп трофеи со германскиот гигант.

Хави брзо го совладал германскиот јазик и едно време го зборувал дури и на сон поради што еднаш многу ја исплашил жена му сред нож. Хави Мартинез после цели 9 години летово го напушти Баерн и отиде да игра во Катар.

МАКС ИМА НЕВООБИЧАЕН СТИЛ НА РАБОТИ, ИГРАЧИТЕ ЧИТААТ СТИХОВИ, ГЛЕДААТ ФИЛМОВИ СО ТИТЛОВИ, ОДАТ ВО МУЗЕИ

Професор Штегмилер е единствениот професор по германски во структурата на Баерн. Тој има 2-3 часа неделно со секој играч и се обидува многу да им ја направи интересна програмата. Често ги развезува и шета низ град и под негов надзор тие нарачуваат храна во ресторани или купуваат кафе.

Со Хуан Бернат, шпанскиот лев бек кој играше за Баерн од 2014 до 2018 а сега е во ПСЖ, Макс играл и видео игрица FIFA. Играле во иста екипа и Хуан паралелно морал да ги коментира своите акции на терен. Прво му било незгодно и се стегал, ама после две години „везел“ со тренерите и соиграчите.

Уште една интересна локација на Макс е минхенската пинакотека (една од најпознатите галерии со уметнички дела на светот). На ова место Макс раскажува за разни сликари. 

Макс понекогаш и сака да ги размрда повеќе фудбалерите, па активно глуми репортер со новинарски прашања после мечот и тоа се интересни сцени во кои играчите мора да дадат одговор како да се на телевизија. Така последно го прашувал младиот 19-годишен француски талент Танги Нјанзу.

НА НИКО КОВАЧ МУ БИЛО СЕЕДНО КАКО ЌЕ ЗБОРАТ ИГРАЧИТЕ, АМА НА ЈУЛИЈАН НАГЕЛСМАН МУ Е КРАЈНО ВАЖНО СТРАНЦИТЕ ДА ГИ ЗНААТ ТАКТИЧКИТЕ ТЕРМИНИ

„Успехот во учење странски јазик зависи од карактер на човекот. Сум видел многу играчи кои се однесуваат кон мојата професија како да им е тоа некоја тешка обврска од која со задоволство би побегнале. Ама има и такви ко на пример Омар Ричардс (бек кој летово дојде во Баерн од Рединг) кој учи со задоволство. Ме тера дури и во недела да учиме а мене во недела ми е неработен ден, викенд“, додава Макс за клупскиот канал на Баерн.

Штегмилер работи и со тренери не само со играчи-странци. Карло Анчелоти кој го водеше Баерн во сезоната 2016/2017 сериозно се однесувал кон учење германски јазик и читал секој пат кога имал и слободна минутка.

„Тој што не сака да учи јазик не е фокусиран на играта и не може да се нарече професионалец“, рекол еднаш великанот Анчелоти.

Такви биле Ренато Санчез, Даглас Коста и други странци на кои им било тешко да учат и оделе на часови без никаков ќејф.

Во прво време професорот по германски, Штегмилер одел со Карло Анчелоти на прес-конференции и ако Италијанецот нешто заборавал, Макс го потсеќал. Еднаш легендарниот тренер не можел да се сети на зборот „искуство“ и прошепотил: „Мојот наставник ќе ме убие за ова“ и ги насмеал новинарите.

Анчелоти добро се справувал со германски јазик а ако нешто се нервирал на тренинзите, викал по играчите на италијански. 

Со Пеп Гвардиола била друга приказна. Можеби најголемиот тренер на сите времиња дошол во Минхен спремен (цела година учел со репетитор) и од првите денови давал интервјуа на германски што ги воодушевило домаќините.

Гвардиола прво зборувал само со познати фудбалски фрази, но одговарал и на прашања за повредени и суспендирани играчи.

„Ако пред неколку години некој ми кажеше дека ќе го тренирам Баерн и ќе научам германски, не би поверувал“, признал Гвардиола во интервју за Sport Bild. 

Според професорот, најдобра оцена од сите странски фудбалери кај него имаат Чаби Алонсо и Хави Мартинез (оцени 5). Алонсо кој играше во Ливерпул и Реал, научил германски за пола година и покрај тоа што Баерн беше негов последен клуб во кариерата.

Хави Мартинез слушал многу германска музика и гледал филмови а ги помагал и другите шпанци од клубот.

Марк Рока, Шпанецот првото интервју на германски јазик го дал после 9 месеци откако дошол во Баерн и тоа без акценти. Четворка оценка има и Французинот Танги Нзјансу за кого Макс вели дека сега на тренинзи командува со екипата на германски јазик.

Бразилецот Даглас Коста има оцена 3 зошто тој постојано во Баерн зборувал преку посредник и преведувач а германски користел за да се запознае со локалните девојки.

Слаба оцена 3 има и Французинот Буна Сар кој користел само општи зборови кој ги знае секој на германски јазик. Иако во Минхен дојде пред година дена заедно со Нзјанзу. Најслаб од сите бил Колумбиецот Хамес Родигез кој рекол дека германски не му е потребен и дека не сака да губи време на него.

„Во секој случај играчите треба да сфатат дека учат јазик за себе, не за мене. Така ќе им биде полесно да се снајдат во новата средина, фактор што безусловно се одразува и на спортските резултати“, заклучува харизматичниот Макс Штегмилер.