Голем клуб со такво реноме не остава ама баш ништо на случајот. Затоа и важат за најсредениот колектив во Европа. Имаат вработено професор по германски јазик и книжевност кој секојдневно работи со странските играчи.
Еден од најголемите фудбалери и фудбалски тренери на сите времиња, Холанѓанецот Јохан Кројф во една прилика изјавил дека секој играч мора да знае да зборува макар два странски јазици.
Умерено пијаните лица подобро и потечно зборуваат странски јазици, утврдиле холандски истражувачи. Бидејќи алкохолот го убива срамот, фатените не му ја мислат многу дека ќе звучат лошо, па главно затоа звучат супер.
Часови со професор во воз за наши услови е незамисливо. Но како би било во автобусите да се пуштаат лекции по кој и да е странски јазик? За некој кој секојдневно шпарта од Ѓорче до Железара тоа по една година може да значи диплома за завршен курс. А за возачот - магистратура.