Ливерпул плати фудбалер 50 милиони евра и не го игра зошто не знае англиски

„Зошто тој Фабињо не го игра?“, е најчестото и најпопуларно прашање на стартот од новата сезона во Премиер лига.

Бразилецот премина од Монако на „Енфилд Роуд“ за 50 милиони евра но на првите шест натпревари во Премиер лига не се појави, туку одигра само една минути, поточно неколку секунди во Лига на шампиони против ПСЖ.

„Што е со Фабињо? Сè е во ред, просто му треба време. Обично така бива: некој се адаптирува побрзо а на некој му треба повеќе време“, им одговорил Клоп на дежурните новинари кои редовно го прашуваат за Бразилецот.

Минатата недела тајната конечно се октри. Алан Редмонд, поранешниот работник во Ливерпул и коавтор на книгата „Оксфордски англиски за фудбалери“, во интервју за ESPN рекол дека Фабињо седи на клупата за резерви поради непознавање на јазикот.

Тоа секако не е единствен фактор но е најголем.

ЗА КЛОП Е МНОГУ ВАЖНО ИГРАЧИТЕ ДА ЗНААТ АНГЛИСКИ

Кристијан Хајдел (поранешен спортски директор на Мајнц и човек кој го открил тренерското во Јирген Клоп) вели дека пред преселбата во Ливерпул, Јирген бил неспокоен само од една работа - за својот англиски јазик.

Можно е Клоп ова да го стекнал во Борусија каде долги години беше тренер и каде ваквите работи ги сфаќаат сериозно: спортскиот директор Михаел Цорк рекол дека за побрзо да се адаптираат играчите треба да научат германски јазик.

Притоа беше објавено дека во времето додека беше тренер на Дортмунд Јирген Клоп во сезоната 2014/2015 му наложил на Чиро Имобиле да си ангажира преведувач и професор по германски јазик (следната сезона Томас Тухел дури и му поставил рок на италијанскиот центарфор но ништо не помогнало).

Во Ливерпул прв кој имал непријатности со јазичката бариера бил Алберто Морено, левиот бек. Во есента 2015 Јирген Клоп стана тренер на „Црвените“ и го стави Шпанецот на клупа затоа што тој не научил англиски.

Сите новајлии кои не знаат добро англиски имаат ментор во екипата па така на Фабињо ментор му е Наби Кеита кој дојде од Лајпциг а на курс оделе Мане (англискиот не му е идеален), Фирмино и Кариус (додека не замина во Бешикташ).

А Алисон избегнал часови затоа што неговиот англиски сосема неочекувано бил подобар дури и од оној на тренерот Клоп.

Клоп ги тера играчите да го учат јазикот не само за подобро да се разбираат еден со друг на терен, туку и поради друга мотивација: „Може да бидете суперѕвезда на која не му треба јазик да биде најдобар. Но како ќе се однесува после мечот? Без јазик ќе бидете обичен играч и незадоволен човек“, вели Редмонд.

Притоа Редмонд е сигурен дека топ-играчите сами сакаат да учат јазик: „Во девет од десет случаи лидерите во тимот пројавуваат желба и интерес да учат англиски“.

Со оние играчи кои намерно ги игнорираат часовите треба да се постапува сериозно вели некогашниот вработен на „Енфлид Роуд“: „Никогаш нема да ги именувам но памтам најмалку 7 или 8 случаеви кога фудбалери немаа никаква желба да научат јазик. Обично тие играчи во следните два трансфер преодни рокови одеа на позајмица или ги отпуштаа од клубот“, додава Редмонд.

КАКО ФУДБАЛЕРИТЕ УЧАТ ЈАЗИК?

„Јас зборувам шпански, италијански, француски и англиски јазик. Клучот во разбирање на јазикот е се глаголите. Кога играч лошо владее со јазик и сака да каже нешто на соиграчот, прво што му паѓа на памет е глаол“, вели Редмонд (на фотографија)

Фудбалерите одат на скратен курс. Ако еден фудбалер сака да изучи нов јазик клубот треба да му излезе во пресрет. Редмонд на пример ги учел странците во Барселона шпански јазик и меѓу учениците најтешко му одело со Холанѓанецот Јаспер Цилесен. Поради отсуство на слободно време Цилесен ретко доаѓал на часови.

Во Шпанија проблемот со легионерите е многу распространет. Редмонд работел по цели денови до 8 или 9 навечер. Најчесто работел навечер зошто играчите му барале преку ден да се наспијат.

23 септември 2018 - 16:10