Варди редовно доаѓаше пијан на тренинг

Играш во четврта лига, чисто од забава, без некои претерани спортски мотиви и оддеднаш те викаат за милион фунти во богат клуб со голем потенцијал. Меч со две острици.

Англиската репрезентација на претстојното Европско во Франција можеби ќе го има најдобриот напаѓачки тандем, Хари Кејн и Џејми Варди.
 
Фудбалерот на Лестер е хит на сезоната и најдобриот играч во Премиер лигата во изборот на новинарите. За него прочитавме многу, дознавме разни пикантерии, а нова епизода носи изјавата на претседателот на Лестер, милијардерот од Тајланд, Ајават Шриваданапраба.
 
Џејми Варди на Кинг Пауер стадионот дојде во 2012. година и тоа за неверојатни милион фунти од нисколигашот Флитвуд Таун. Во дотогашниот тим на Варди се чуделе дали е реално некој да им дава толку многу пари за трансфер на играч.
„Бев цврсто против неговиот ангажман додека не ги проверив извештаите на скаутите. Тогаш почнав да верувам дека може да биде добро засилување, но никако не успеав на навивачите да им објаснам како може таков играч да вреди милион фунти“, се потсеќа Шриваданапраба откако Лестер на крилјата на Варди ја освои првата титула во историјата.
Навивачите скоро кренале буна, изненадени зошто толку пари се дава на некојси таму Џејми Варди.
„Во тој момент за навивачите бев најглупавиот сопственик на еден клуб во светот. Некои беа бесни, некои се исмеваа, а некои ме прашаа дали сум нормален? Зошто трошиш толку пари на таков играч? Кога го прашав тренерот Најџел Персон кого би довел ако има буџет од само еден милион фунти, тој ми одговори: Варди! Му реков да го доведе“, вели богатиот газда на Лестер.
Во синиот дрес Варди не се снашол на почетокот.
„Првиот ден во клубот дојде кај мене во канцеларија и ми се заблагодари што му го сменив животот. Никогаш немал толку пари и беше во облаците. Од самото дно стигна до втора лига и почна да се опива секој ден, а на тренинзите доаѓаше мортус пијан. Не знаевме што да правиме“, продолжува Тајланѓанецот.
Сите во клубот биле збунети зошто Варди мириса на алкохол секој утрински тренинг.
„Го прашав: Сакаш вака да ја завршиш кариерата? Сакаш договорот овде вака да ти заврши? Што ти е сонот? Како го замислуваш својот живот? После тоа престана да пие и почна повеќе да тренира. Тогаш беше експлозивен, но не верувавме дека може да биде вака добар. Се претвори во потполно нова личност“, констатира човекот кој со Најџел Персон се најзаслужни за најдобриот играч во Англија годинава.

4 мај 2016 - 09:42