Додека трае пандемијата на Ковид-19 и речиси цел свет е затворен дома, најголем простор со право добиваат медицинските стручњаци кои го носат бремето на целиот свет во ова време.
Но како што меѓу житото има кукол, така и меѓу правите доктори има и по некои шарлатани, како оние двајца доктори во Франција кои на телевизија предложиле Африка да биде тест-локација пред евентуалната вакцина против Ковид-19 да тргне по светот.
Жан-Пол Мира, шеф на одделот за интензивна нега во болницата Кошан во Париз ја шокирал африканската популација со отворен предлог вакцината против Ковид да се проба прво на црниот континент.
„Ако смеам да бидам провокативен, не ли треба да ја направиме оваа студија (за вакцините) во Африка каде нема маски, нема третмани, нема оживување? Нешто како што се правеа студии за Сида. Кај проститутки пробуваме тестирања затоа што знаеме дека тие се високо изложени на ризик и не се штитат себеси.“, рекол др. Мира во емисија на каналот LCI (La Chaîne Info).
„Во право си. Во процес на размислување сме за паралелна студија во Африка“, додава др. Камил Лохт, шеф на група за научно истражување.
„Африка не ви е лабораторија за тестирање. Сакам јасно да ги осудам овие понижувачки, лажни, срамни и пред се расистички зборови. Помогнете ни да ја спасиме Африка од КОВИД-19 и да ја израмниме кривата.
Не ги земајте Африканците како морски прасиња! Апсолутно е одвратно ова. Африканските лидери имаат одговорност да го заштитат своето население од овие страшни конспирации“, пишал Дрогба на Твитер како одговор на видеото со двајцата француски доктори.
African leaders have a responsibility to protect their populations from those horrendous conspiracies.
— Didier Drogba (@didierdrogba) April 2, 2020
May god protect us!
А бесно реагираше и Камерунецот Самуел Ето кој прокоментира на објавеното видео кај Демба Ба:
I wake up and here is what I receive...
— Demba Ba (@dembabafoot) April 2, 2020
For those who don't understand , 2 stupid (to stay polite) talking about testing the vaccine on africain people like they did with HIV...
What else than to die these monsters deserve ???https://t.co/ZNXF6FQqaM
„Убијци“, пишал Ето:
Des assassins.
— Samuel Eto'o (@setoo9) April 2, 2020
Во Африка, до 3 април се пријавени 7.080 случаи на Ковид-19 од кои најмногу во Јужна Африка 1.462, Алжир 986, во Египет 865 и Гана 204.