Успешен јубилеј на легендите на Манчестер Јунајтед

Во четвртото коло од англиската Премиер лига, Алекс Фергусон, Рајан Гигс, Пол Сколс и Рио Фердинанд ги одбележаа своите јубилеи со победа од 4:0 над Виган. Висока победа забележа и Арсенал, а Челси и Манчестер Сити ремизираа на гости. Ливерпул го продолжи најлошиот старт во последните 101 година.

Алекс Фергусон по 500. пат го предводеше Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд, Рајан Гигис го одигра 600. натпревар во Премиер лигата, Рио Фердинад по 400. пат го носеше клупскиот дрес, а Пол Сколс постигна гол на 700. натпревар за Манчестер Јунајтед.

Сколс беше стрелец на првиот гол при победата од 4:0 над Виган. Во листата на стрелци се запиша и Ернадез, како и дебитантите Алекс Битнер и Ник Пауел.

По стартните две кола без постигнат гол, Арсенал врза две победи, а ова коло му се истурија на Саутемптон и го декласираа со 6:1. Тоа беше и прв примен гол за Арсенал по 315 одиграни минути во новата сезона.

Натпреварот помеѓу КПР и Челси заврши без голови, но дуелот беше одбележан по првата средба на Антон Фердинанд и Џон Тери по инцидентот и обвиненијата за расизам од страна на капитенот на Челси. Фердинанд одби да се ракува со Тери, но и Кол кој застана во одбрана на својот соиграч.

Манчестер Сити ја продолжи лошата традиција на гостувањата кај Стоук каде нема победено 13 години. Крауч го доведе Стоук во водство, а израмни дебитантот во редовите на Сити, Хави Гарсија за конечни 1:1.

Фудбалерите на Ливерпул продолжија да рушат неславни клупски рекорди. За прв пат во последните 101 година Ливерпул нема забележано победа во почетните четири кола. Овој пат тие ремизираа на гостувањето кај Сандерленд. Домаќините поведоа со колот на Флечер, а израмни Суарез.

ПРЕМИЕР ЛИГА, 5. коло

сабота:
Норич – Вест Хем 0:0

Арсенал – Саутемптон 6:1 (4:1)
Хујвелд 11аг, Подолски 31, Жервињо 35, 71, Клајн 37аг, Волкот 88 – Фокс 45

Стоук – Манчестер Сити 1:1 (1:1)
Крауч 15 – Хави Гарсија 35

Квинс Парк Ренџерс – Челси 0:0

Манчестер Јунајтед – Виган 4:0 (0:0)
Сколс 51, Ернандез 63, Битнер 66, Пауел 82

Фулам – ВБА 3:0 (2:0)
Бербатов 32, 45пен, Сидвел 89

Астон Вила – Свонси 2:0 (1:0)
Лоутон 16, Бентеке 88

Сандерленд - Ливерпул 1:1 (1:0)
Флечер 29 – Суарез 71

недела:
17.00: Ридинг - Тотенхем

понеделник:
21.00: Евертон - Њукасл

15 септември 2012 - 20:48