Шпанските власти го уапсија Сандро Росел кој беше претседател на Барселона во периодот од 2010-та до 2014-та, како и неговата сопруга Марта Пинеда, а во криминалот се вклучени уште тројца лица чии имиња за сега се непознати.
Петмината уапсени се осомничени за перење на пари во операција која полицијата во Шпанија ја води со ФБИ и судот од Њујорк од каде се прибавени докази.
Јавната обвинителка Кармен Ламела се согласила да бидат замрзнати 10 милиони евра како банкарски депозит, како и недвижен имот во износ од 25 милиони евра од кои поголем дел се на Росел и неговата сопруга и покрај тоа што се водат на трет човек.
Се води истрага и за договор потпишан во 1996-та година меѓу Бразилската фудбалска федерација и компанијата Најк вреден 160 милиони долари. Сандро Росел тогаш беше одговорен за бренд маркетинг во Шпанија и Португалија, а во 1998-ма и за Латинска Америка.
За Росел се води уште еден судски процес, тоа е сомнителниот трансфер на Нејмар од Сантос во Барселона порази кој беше принуден да си поднесе оставка.