
Според шефот на медицинскиот оддел при ФИФА, Јири Дворак, запрепастувачки е што оваа бројка од 35% се однесува на фудбалери од врно ниво. Според нивни проценки, дури 50% од младите фудбалери до 20 години користат додатоци за подобрување на формата.
Фудбалерите не ги консултураат специјалистите за нутриција и им веруваат само на производителите кои тврдат дека конзумирањето на нивните продукти ќе им помогне во подобрување на формата и покрај тоа што научно тоа не е докажано.
Многу од додатоците содржат недозволени супстанци како анаболички стероиди кои не само што се наоѓаат на листата на забранети супстанци и фудбалерите можат да бидат позитивни при допинг контрола, туку конзумирањето на овие средства може да доведе и до нарушување на имунитетот и оштетување на органи.
Некои од фудбалерите ги конзумираат овие супстанци и без нивно знаење затоа што во земји како Мексико, Кина и Бразил производите од месо содржат анаболички стероиди.
На минатогодишното Светско првенство за фудбалери до 17 години над 100 фудбалери биле позитивни на кленбутерол кој го конзумирале со јадење на месо.