Тинејџер го запали дербито Ривер - Бока со страшен гол

Седумнаесет годишниот Аргентинец Франко Мастантуоно е најголема ѕвезда во аргентинскиот фудбал. Тој од дете е во Ривер Плејт каде постави неколку нови рекорди како најмлад фудбалер. Синоќа на големото Суперкласико Ривер - Бока кое заврши 2-1, во 25-та минута го запали „Монументал“ со страшен гол од слободен удар од преку 25 метри,

Epa images
Epa images
Photo: Epa Images

Бока набрзо израмни преку Мигел Мерентиел кој истрча брза контра и го матираше домашниот голман, но само шест минути после неговиот погодок, шпицот на Ривер Себастијан Дриуси даде гол за 2-1 во 44-та минута. Тоа беше и крајниот резултат на мечот а Ривер забележа нов домашен триумф против најголемиот вечен ривал.

Мастантуоно прво заигра за Ривер Плејт на пријателски средби против мексиканските Монтереј и Пачука во јануари 2024-та а истиот месец дебитираше на официјален натпревар и стана трет најмлад дебитант во аргентинскиот фудбал по Омар Роси и Матео Мусакио.

Важи за најголем талент во аргентинскиот фудбал и скоро сигурно европските гиганти ќе се борат за неговиот договор наскоро.

Ова беше прво Суперкласико Ривер - Бока на кое Мастантуоно настапи од почеток и веднаш ги запали навивачите. Бока Јуниорс после овој пораз остана прва на табелата во својата група а Ривер Плејт сега е трет во својата група Б од првенството Апертура.

28 април 2025 - 07:48