
Лазаров загина во ужасниот пожар во Кочани спасувајќи други луѓе. Тиквеш одлучи да го повлече дресот со бројот 16.
Никој повеќе нема да може да го носи дресот кој го носеше Андреј Лазаров.
„Неговиот придонес за успесите на нашиот клуб е немерлив. Дресот со број 16, кој тој гордо го носеше, трајно се повлекува и ќе остане во клубските простории како вечен спомен. Ангелите живеат вечно“, соопштија од Тиквеш.
25 годишниот Кочанчанец сезонава играше за Шкупи, а покрај Тиквеш, Работнички и Металург, беше член и на хрватските клубови Горица и Рудеж.
Најтажниот собир во соблекувалната на Шкупи
Хрватска Горица отвори книга на жалост за фудбалерот Андреј Лазаров
Куп светски медиуми известија за загинатиот македонски фудбалер, нарекувајќи го херој