Најтажниот собир во соблекувалната на Шкупи

Фудбалерите на Шкупи се вратија на своите работни места, но скршени од болка, не успеаа да одржат тренинг.

Македонскиот прволигаш се обиде да се врати на тренинзите за да се подготвува за следниот натпревар, но од болка за Андреј Лазаров, играчите побарале да се одложи тренингот.

Во соблекувалната се забележува молк и тага и никаква желба за тренирање.

25 годишниот член на Шкупи загина во пожарот на Кочани во обид да спаси млади животи и ова беше прв собир на играчите после трагедијата.

На неговото место во соблекувалната стоеше дресот со број „77“, кој ќе остане симбол на сеќавањето на Андреј Лазаров.

„Со голема празнина и бескрајна болка по загубата на Андреј Лазаров, денеска се обидовме да се вратиме во тренажен процес. Сепак денешниот тренинг беше откажан на барање на играчите. Тренингот и продолжувањето на сезоната ќе биде најтешко за нас, но ќе играме за него, за негова чест. Андреј секогаш ќе биде дел од нашето семејство“, стои во објавата на Шкупи. 

 

 

20 март 2025 - 08:31