Таг: андреј лазаров

Шкупи по стапките на Тиквеш, дресот со број 77 оди во историјата

ФК Шкупи одлучи да го повлече дресот на Андреј Лазаров, а во меѓувреме ја потврди информацијата за неговиот договор.

Тиквеш го повлече дресот со број 16 кој го носеше Андреј Лазаров

Тиквеш не го заборава Андреј Лазаров кој остави траг во кавадаречкиот тим.

Најтажниот собир во соблекувалната на Шкупи

Фудбалерите на Шкупи се вратија на своите работни места, но скршени од болка, не успеаа да одржат тренинг.

Куп светски медиуми известија за загинатиот македонски фудбалер, нарекувајќи го херој

И во најпознатите спортски весници и портали ширум светот, овие две дена за жал сме застапени поради трагедијата во Кочани. Пишуваат за фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров кој во обид да спаси млади животи во дискотеката Пулс, не успеа да преживее.

12 часа пред трагедијата, Лазаров се прекрсти и влезе во игра против Пелистер

Шкупи го пречека Пелистер во саботата од 15 часот и загуби 0:1, а во 61-та минута во игра влезе Андреј Лазаров. 25 годишниот фудбалер загина во страшниот пожар во Кочани кој се случи ноќта, во обид да спаси млади луѓе.

Го видовте ли кочанскиот Меси на дербито на Тиквешијата?

Во големото дерби на втората македонска лига меѓу Тиквеш и Вардар Неготино, домашните славеа со високи 4-0, а момент на мечот беше чудесниот гол на Андреј Лазаров кој прими една топка надвор од шеснаесетникот и направи дар-мар пред голот на Иванов.