
Само неколку дена по Тиквеш, дресот со број 77 кој го носеше трагично загинатиот фудбалер Андреј Лазаров, го повлекува од употреба и Шкупи.
Информацијата за почитување на неговиот договор која ја објави ТВ21, од клубот ја потврдија и соопштија дека преостанатите плати кои му следуваат ќе ги добие неговото семејство.
„Го повлекуваме бројот 77, договорот на Лазаров ќе му биде исплатен на неговото семејство до истекот.
ФК Шкупи донесе одлука да го повлече од употреба бројот 77, кој го носеше Андреј Лазаров сè до неговото прерано заминување од овој свет. Ова е еден мал гест од наша страна, во знак на почит и благодарност за неговиот придонес во клубот.
Исто така, клубот одлучи неговото семејство да ги добива платите според договорот што Лазаров го имаше со ФК Шкупи.
Андреј Лазаров засекогаш ќе остане дел од историјата на ФК Шкупи, а овие одлуки донесени од раководството се мал знак на почит за оддавање чест на неговото сеќавање“, стои во соопштението на Шкупи.
Тиквеш го повлече дресот со број 16 кој го носеше Андреј Лазаров
Горан Попов на ревијален меч на Херенвен играше со дрес на загинатиот Лазаров