Горан Попов на ревијален меч на Херенвен играше со дрес на загинатиот Лазаров

Поранешниот македонски репрезентативец беше повикан да настапи во Холандија по повод 30 години од изградбата на стадионот „Абе Ленстра“. Приликата ја искористи да направи убав гест.

Попов играше со бројот 3, но на задниот дел на дресот ги пишува А.Лазаров, а предниот „Кочани 16.03.2025“.

Инаку ревијалниот натпревар беше во организација на Херенвен, каде поранешниот репрезентативец на Македонија настапуваше од 2008 до 2010.
Го освои Купот на Холандија.

Настапија и легенди како Ван Нистелрој, Даниел Прањиќ, Миралем Сулејмани…

Прекрасен гест на струмичанецот.

24 март 2025 - 08:25