- Поранешниот клуб на македонскиот фудбалер Андреј Лазаров, ХНК Горица соопшти дека на нивниот стадион „Велика Горица“ е отворена Книга на жалоста за драгиот Андреј Лазаров, нивниот поранешен фудбалер кој прерано го напушти овој свет.
- „Сите кои сакаат да се запишат во книгата на жалоста можат тоа да го сторат од денес (вторник) па се до четврток 20-ти март, на источниот влез на стадионот“, стои во објавата на ХНК Горица.
- Од денес и официјално започна пријавувањето за XXII Меморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“ – Сокол ВЛТ 2026, еден од најпрепознатливите и најпосетени спортски настани во Македонија. Пријавувањето ќе трае до 28 август 2026 година, а бројот на екипи е ограничен на 40.
- Турнирот традиционално ќе започне на 1 септември 2026 година на игралиштето „Сокол“ во ООУ „Христијан Тодоровски – Карпош“, Карпош 1, додека ждрепката ќе се одржи на 30 август 2026 година.
- И оваа година учесниците ќе се борат за награден фонд од над 1.300.000 денари, што уште еднаш го потврдува статусот на турнирот како еден од најзначајните турнири во мал фудбал во државата.
- Реал Мадрид нема намера да прифати барање за зголемување на платата на кој било играч во екипата, па колку и да е клучен тој фудбалер за тимот. Ова е цврст став и важи за сите.
- Бразилецот Винисиус кој важи за најголема ѕвезда во Реал Мадрид, веќе неколку месеци преку неговите агенти одбива да го продолжи договорот кој истекува следното лето затоа што сака поголеми примања.
- Од друга страна, Реал за последен пат му понудил нов договор па Бразилецот може да бира дали ќе остане или ќе биде продаден.
- Арсенал е најсериозно заинтересиран да го откуп неговиот договор од „кралскиот клуб“ и тоа би можело да биде најбомбастичен трансфер летово.