Последниот италијански фудбалер кој бил стрелец за Интер е Ранокија, а тоа се случи на 15 декември 2014 година. Се работи за мечот против Киево, кој беше прва победа на Роберто Манчини откако се врати во Милано.
Рекордот на Интер има големи шанси да трае и натаму бидејќи головите претежно ги постигнуваат странците како Икарди, Паласио, Брожовиќ, Јоветиќ...
Италијанци во Интер се само Сантон, Д`Амброзио, Ранокија, младиот Димарко и голманот Берни. Другите играчи на Џузепе Меаца се од Словенија, Бразил, Франција, Аргентина, Црна Гора, Колумбија, Шпанија, Србија, Чиле, Брег на Слонова Коска, Хрватска, Јапонија и Албанија.
Дури и автоголот во нивна корист сезонава го постигна странец, а тоа е Гркот Морас од Верона. Автоголовите за Интер ги постигнаа Аргентинците Карицо и Кампањаро.
Роберто Манчини на последните шест меча во првенството во прв тим направи формација со 10 или 11 странци.