Талентираниот фудбалер на Работнички кој од јануари ќе се пресели во швајцарскиот Јанг Бојс, го сруши рекордот на Горан Пандев.
На пријателскиот натпревар против Камерун, Сулејманов влезе во игра во 58-та минута, а со тоа влезе и во историјата на фудбалската репрезентација на Македонија како најмлад дебитант со 17 години, 6 месеци и 12 денови.
Претходно најмлад репрезентативец беше Горан Пандев кој играше во 2001-та година на натпреварот против Турција со 17 години, 10 месеци и 11 денови, пренесува MacedonianFootball.com