Спалети се расплака поради починатиот брат и се тргна од камерата

После 30 години кариера која му почна во Емполи 1993-та, 64 годишниот Лучано Спалети за прв пат ја почувствува магијата на Скудетото. Има две шампионски титули во Русија со Зенит, ама никогаш претходно во Италија, каде се радувал само на Куп и Супер Куп со Рома.

„Благодарност и до управата на клубот која заврши добра работа, а потоа малку и до ќерка ми Матилде и се разбира до цела фамилија која е секогаш тука за мене, сите мои пријатели, брат ми Марчело“, изјави стратегот на Наполи.

Лучано Спалети - виноградинарот и земјоделец кој му донесе скудето на Неапол

5 мај 2023 - 14:59